Поголемиот дел од земјите од Западен Балкан, особено Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија, ги презедоа првите конкретни чекори за воведување оданочување на јаглерод диоксид (CO2), со што ја забрзаа декарбонизацијата, но и избегнувањето на плаќање на прекуграничен данок на CO2 чие воведување го најави Европската Унија до 2026 година. Србија и Косово моментално заостануваат зад овие три земји.

Нуредини: до 2030 година ќе го усогласиме мониторингот на CO2 со ЕУ ЕТЦ
Министерот за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија, Насер Нуредини, потсети дека оваа земја е една од ретките во регионот, што во рамките на својата обврска како потписник на Договорот од Париз поднесе нови климатски цели, кои предвидуваат намалување за 51 % на емисиите до 2030г., што претставува намалување од 80 % во споредба со 1990 година.
- Нашата држава ги диверзифицира изворите на снабдување, инвестира во обновливи извори, се подготвува за изградба на една од најголемите хидроцентрали во регионот - Чебрен и создава услови приватните компании да инвестираат во зелена енергија - рече Нуредини.
Во однос на прекуграничниот данок, тој истакна и дека неопходно е разбирање од страна на Западен Балкан и ЕУ.
- Северна Македонија подготвува нов закон за климатски промени и има намера да воведе оданочувања за CO2, првично како преодно решение, а потоа и за негово усогласување со правото на ЕУ - посочи Нуредини.
Како потсетување, предлогот на Секретаријатот на Енергетската заедница е членките веднаш да почнат со интерното пресметување на даноците за CO2, до 2025 година да се развијат национални системи кои до 2030 година би се споиле во регионален систем и до 2040 година да ги постигната цена на емисиите на ЕУ. Ова етапно воведување би вклучило единици за бесплатни емисии или слободни емисии на CO2, како во Европската Унија.
Целиот текст на англиски јазик е достапен овде.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}