Обуката се реализираше во рамки на CBIT проектот “Зајакнување на институционалните и технички капацитети за подобрување на транспарентноста за климатски промени во рамките на Договорот од Париз (CBIT проект)” на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), кој се спроведува во соработката со Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) и Глобалниот фонд за животна средина (GEF).
Целта е да се претстави методологијата за климатско означување на буџетот.
Обуката имаше за цел да ги запознае корисниците со методологијата и критериумите за означување на активностите поврзани со климата во развојните програми во јавниот сектор што ги имплементираат министерствата и општините, како и да им овозможи да ги идентификуваат активностите поврзани со климата во конкретниот сектор, да ја измерат нивната релевантност и соодветно да ги означат во буџетот според пропишаната методологија.
Климатското означување на буџетот (КОБ), како процес на идентификување, мерење и следење на јавните расходи што се релевантни од аспект на климатските промени, предводен од Владата, помага во вклучувањето на климатските промени во системот на управување со јавните финансии со цел тие систематски да се ублажат и да се адаптираме на економските, социјалните и еколошките влијанија од нив.
Со означување на буџетските линии, се овозможува процена и следење на владините расходи кои се однесуваат на климатските промени и се распределени и потрошени за имплементација на климатски активности.
Дополнително, КОБ обезбедува допирна точка за следење на ресурсите што се користат за Целите за одржлив развој (ЦОР), што се тесно поврзани со климатските промени во постигнувањето на повеќето ЦОР, како и со активностите за ублажување поврзани со националните придонеси
Придобивки од климатско означување на буџетот се:
i) идентификација на буџетот што се мобилизира за климатски промени и известување за расходите релевантни за климатски промени;
ii) овозможување Владата да носи информирани одлуки и да даде приоритет на климатските инвестиции;
iii) овозможување јавна контрола над расходите за климатски активности со цел да се подобри одговорноста и транспарентноста;
iv) поттикнување активности поврзани со климата во сите владини сектори преку обезбедување докази за тековните активности поврзани со климата;
v) подигање на јавната свест за климатските промени и за одговорите на владата;
vi) евиденција на сите расходи направени преку буџетските програми, вклучително и за проекти финансирани од меѓународни извори насочени на постигнување на целите на одржлив развој, ревидираниот национален придонес и намалувањето на ризикот од катастрофи;
vii) подготовка на посебни информации за буџетот и за расходите кои се реализираат преку програмите за ублажување, адаптација и преку комбинираните програми кои имаат за цел и ублажување и адаптација.
На настанот учествуваа повеќе од 130 претставници од министерства, општини, меѓународни организации и банки.
Погледнете ја снимката, дневниот ред и презентациите:
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}