Во текот на 9-ти 12-ти Април 2019 година, учесници од државите во развој од Азија, Пацифичките острови и Балканот, се собраа во Бангкок, Тајланд, да ги споделат своите искуства во врска со националните извештаи за климатски промени и да разговараат за изгледите за развој на Регионални мрежи (MRV).
Целта на работилницата беше да обезбеди обука и дискусии за процесите на управување со Националните планови и Двогодишните извештаи, спроведување на проектните активности; известување; барања за финансирање, одобренија, правни проблеми, извештаи за ажурирање и други клучни предуслови. Обуката исто така вклучуваше клучни елементи на концептот за мониторинг, известување и верификација (MRV) и барањата за известување според UNFCCC и Договорот од Париз; елементите за процесите на за собирање на податоци, обработка, составување и известување во специфични сектори, како компонента на поширок национален систем на MRV; како и поставување на цврсти и одржливи институционални аранжмани за MRV.
Во текот на 4-дневната обука, се дискутираше за различни теми, вклучувајќи и проценка на капацитетот и откривање на празнините, преглед на постојната рамка на MRV, заедно со проблемите што произлегуваат при воспоставувањето на национални MRV системи. Државите кои веќе скоро две децении работат на рамката MRV споделија неколку научени лекции, успешни приказни и добри практики, кои беа корисни за другите држави. Инвентарот на стакленички гасови претставува веројатно клучен елемент на кој било процес на MRV. Бидејќи повеќето земји постепено се придвижуваат кон употреба на Упатствата на IPCC од 2006 година, се дискутираше и за важноста да се разбере што значи усвојување практични аранжмани за MRV, кои бариери постојат и кои предности можат да се постигнат.
Понатаму, учесниците имаа можност да се делат во групи, да дискутираат и да градат консензус за развој на регионалните мрежи на MRV, вклучително и можната структура, области за соработка и рамката за координација на мрежата.
Како воспоставувањето на таква Регионална мрежа ќе биде од корист за нашата држава?
Прво, успешните NC и BURs бараат робусни структури кои овозможуваат ефикасно управување со мониторинг, известување и верификација, како и да се олесни интеграцијата на генерираната информација во подготовката и имплементацијата за идните NC, BUR и NDC.
Географската, економската, еколошката и институционалната сличност и обично сличните ограничувања и празнини, со другите држави на Валканот, ќе ни овозможи да најдеме и да извлечеме корист од слични решенија и од веќе воспоставените иницијативи за соработка. Оваа неформална Регионална MRV мрежа ќе ја олесни размената на знаење, искуства и добри практики за општи теми на MRV преку соработка и поддршка на технички експерти, семинари и веб-конференции, прегледување на извештаи и излезни студии, вклучејќи и обезбедување на квалитет. Истотака им овозможува на членовите да градат капацитети билатерално или на регионално ниво, да започнат со заеднички иницијативи, како што се развој на регионални фактори на емисии, како и заедничко соработка за техничка поддршка и ресурси.
Емсаљ Ајредини - Правен консултант на CBIT проектот за климатски промени
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}