Делегациите од различни држави деноноќно работеа во текот на две интензивни недели за да се договорат за резултатите на 26. Конференција на страните на настанот насловен Климатски пакт од Глазгов.
Ова беа први целосни мултилатерални преговори што се одржуваат од почетокот на пандемијата со Ковид-19. Иако резултатот не е толку амбициозен како што се очекуваше, тој означува критична пресвртница во спроведувањето на УНФЦЦЦ.
· Финализиран е Правилникот за Парискиот договор, кој е оперативен прирачник за спроведувањето на договорот. Тука се содржани и одлуките за пазарите на јаглерод (член 6), транспарентноста и општите рокови.
· Постигнат е напредок за важни прашања, меѓу кои за финансиските средства потребни за адаптација, глобалните цели во однос на адаптацијата, родовите прашања и Платформата за домородни народи и локални заедници.
· Во овој документ, исто така се бара од државите да ги разгледаат и зајакнат своите цели во Националните придонеси за 2030 година, и тоа да го сторат до крајот на 2022 година, со цел да се предвидат поамбициозни активности (особено од државите што повеќе емитуваат) до 27. Конференција на страните.
· Во целокупната одлука за прв пат се споменуваат фосилните горива. Ова е позитивен сигнал, но на крајот на 11-часовната дебата текстот беше сепак претрпе промени. Дебатата несомнено ќе продолжи.
Сепак, не беа решени голем број клучни прашања како што се финансиските средства потребни за спроведување на климатските активности и за намалување на загубите и штетите.
Претставниците на најранливите земји изјавија дека е потребна уште поголема амбиција во сите области за да се исполнат целите на Парискиот договор и да се заштитат оние кои се на удар на климатската криза.
Граѓанските организации забележаа дека постигнатиот резултат не е доволно амбициозен и не е резултатот што му е потребен на светот, и го нарекоа „јасно предавство од богатите нации“, особено во однос на финансирањето на климатските активности и загубите и штетите. Многу граѓански организации, исто така, повикаа на поголемо признавање на човековите права и правата на домородните народи во документите со активности.
Многу од усвоените одлуки предлагаат техничка работа која ќе продолжи и во 2022 година. УНДП ќе има клучна улога во идните дискусии.
Објави направени на 26. Конференција на страните
На оваа Конференција на страните учествуваа повеќе од 120 шефови на држави, лидери во бизнисот, граѓански организации и активисти. Беа објавени бројни ветувања, декларации и коалиции, меѓу кои и следното:
· Повеќе од 100 земји ветија дека ќе престанат со сечење и ќе ги обноват уништените шуми до 2030 година, и истовремено ветија јавни и приватни средства во вредност од 19,2 милијарди американски долари. Беше објавена и Глобалната заложба за финансирање на шумите (ГФФП).
· 100 земји се обврзаа на Глобалното ветување за метан: односно преземаа обврска да ги намалат своите емисии на метан за 30% до 2030 година.
· Повеќе од 40 земји се согласија да престанат да произведуваат енергија од јаглен, вклучувајќи ги и главните држави кои се најголеми корисници на јаглен. Повеќе од 20 држави и финансиски институции, вклучувајќи ги и Соединетите Американски Држави, Велика Британија и Данска, се согласија постепено да престанат да финансираат фосилни горива во странство. Јужна Африка ќе добие околу 8,5 милијарди долари од Соединетите Американски Држави и Европа за постепено исфрлање на јагленот кој е нивниот главен извор на енергија.
· Шкотска објави дека ќе биде партнер со Фондот за климатска правда и отпорност (Climate Justice Resilience Fund) за да се „намалат загубите и штетите“ предизвикани од климатските промени и вети 2,8 милиони долари за помош на најранливите заедници во светот за поправка и обнова по преживеаните климатски катастрофи. За прв пат се случува развиена земја да издвои средства специјално за справување со загубите и штетите.
· Марк Карни и Центарот за приватно финансирање ја основаа Финансиската алијанса од Глазгов за нето нула емисии (ГФАНЗ) која има цел да иницира системски промени во финансискиот сектор.
· 232 милиони американски долари ќе се пренасочат во Фондот за адаптација, меѓу кои и придонес од 20 милиони американски долари од Обединетото Кралство. Ова е највисока поединечна сума која се насочува во Фондот и е повеќе од двојно од претходно највисокиот собран износ.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}