Трчање на долги стази заради подобри инвентари

Ден 1 од виртуелната студиска посета


21 македонски експерти денес „патуваа“ во Прага во рамки на првата виртуелна студиска посета организирана од UNDP-GEF CBIT посветена на инвентарите на стакленички гасови.

Утрото започна со поздравно видео обраќање на чешкиот Хидрометеоролошки институт (CHMI) коешто вклучуваше и обиколка на просториите и канцелариите каде се води инвентарот на стакленички гасови. По воведот, Верица Тасеска-Ѓорѓиевска, координатор на македонскиот инвентар на стакленички гасови, ги запозна чешките колеги со моменталната состојба со собирањето, анализата и известувањето за податоците, додека Арминда Рушити од Македонскиот информативен центар за животна средина го претстави системот за известување на Европската агенција за животна средина за инвентарот на емисии во воздухот. Потоа, раководителот на Националниот инвентар на Чешката Република, Ева Крткова, го претстави чешкиот инвентар и објасни како се изработуваат, раководат и архивираат извештаите за УНФЦЦЦ и за ЕУ. 

Групата потоа го насочи своето внимание кон секторските презентации на чешките експерти од секторот земјоделство и секторот употреба на земјиште, пренамена на земјиштето и шумарство (LULUCF). Чешките секторски експерти ги посочија предизвиците со кои се соочувале во собирањето на податоци од земјоделството и во изработката на проекции за шумарскиот сектор за претходните години, а двата тима дискутираа за брзи промени во однос на емисиите од шумарството. Во изминатите неколку години, шумите во двете земји, од апсорбенти на јаглерод преминаа во нето извори на емисии поради шумските пожари во Северна Македонија и поради сушата и инвазијата на поткорници во Република Чешка. Двата тима најдоа заедничка основа од аспект на притисокот за унапредување на квалитетот на инвентарите и зголемување на бројот на емисиони фактори специфични за земјата. По завршувањето на сесиите, еден од учесниците ги опиша дискусиите како „силно мотивирачки“.


Сузана Стојановска од македонскиот Државен завод за статистика ги истакна заедничките придобивки од инвентарите на стакленички гасови и статистичките бази на податоци: „Виртуалената студиска посета беше одлично искуство преку кое можевме да се запознаеме со практиките на изработка на инвентари на стакленички гасови во Република Чешка како земја-членка на ЕУ. Видовме дека најмногу се користат податоци од статистички истражувања од официјалната статистика, што отвора можности за унапредување на нашите бази на податоци со цел подобро исполнување на обврските во однос на инвентарите на стакленички гасови. Ова е важно и од аспект на тоа дека Државниот завод за статистика изработува биланси на емисии во воздухот од областа на еколошкото сметководство за потребите на Евростат, чија изработка се заснова на инвентарите на стакленички гасови и емисии во воздухот.


Виртуелната студиска посета беше одлично искуство преку кое можевме да се запознаеме со практиките на изработка на инвентари на стакленички гасови во Република Чешка како земја-членка на ЕУ. Видовме дека како извор на податоци, меѓу другите, се користат податоци од статистички истражувања од официјалната статистика, што отвора можности за унапредување на нашите бази на податоци со цел подобро исполнување на обврските во однос на инвентарот на стакленички гасови. Ова е важно и од аспект на тоа дека Државниот завод за статистика изработува биланси на емисии во воздухот од областа на еколошкото сметководство, чија изработка се заснова на инвентарите на стакленички гасови и загадувачки супстанции.


Ниту една студиска посета не би била целосна без екскурзија, па така, за време на утринската пауза, учесниците имаа обиколка на Прага со трчање од замокот до тврдината која се реализираше преку YouTube каналот на „Honest Guide“ со цел да ги видат некои од најпознатите обележја на градот. Како што забележа еден од учесниците од Македонската академија на науките и уметностите, „Со виртуелното ‘трчање’ меѓу Скопје и Прага како метафора за процесот на инвентаризација на стакленички гасови, можеме од еден одличен преглед на нештата да дојдеме до друг уште подобар, преку преземање на најдобрите примери на практики од двете места“

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close