На министерски состанок, Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ги здружи силите со 13 други колеги од Источна и Југоисточна Европа за да се забрза идентификација на обесшумените и деградираните земјишта и да се интензивираат напорите за нивно обновување и пошумување до 2030 година.
Државите преземаа храбра акција во процесот на обновување на шумите и се обврзаа да обноват повеќе од 4 милиони хектари земја до 2030 година во рамките на Глобалниот предизвик од Бон (глобална иницијатива за обновување на 350 милиони хектари деградирано и обесшумено земјиште до 2030 година) и ECCA30 (регионална иницијатива за обновување на шумите на Европа, Кавказ и Централна Азија со цел од 30 милиони хектари до 2030 година).
По усвојувањето на амбициозните климатски акции предвидени во нејзиниот ревидиран придонес за климатски промени, македонската Влада уште еднаш истакна дека климатската отпорност е високо на нејзината агенда. Шумите не се само нашето најголемо богатство, тие се наш најголем сојузник во борбата против климатските промени.
Министерот Хоџа ја прифати Декларацијата и ги потврди следните цели за земјата во согласност со целите за 2030 година на предизвикот од Бон:
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}