СТУДИСКА ПОСЕТА СО НИСКИ ЕМИСИИ НА СТАКЛЕНИЧКИ ГАСОВИ

Со виртуелна студиска посета македонските експерти за клима ќе ја посетат Прага


На 11 ноември, повеќе од 20 македонски експерти за климатски промени ќе „патуваат“ во Чешкиот хидрометеоролошки институт во Прага за да се сретнат со своите колеги и да остварат дводневни дискусии за подобрување на инвентарите на стакленички гасови, како и подетално да разговараат за известувањето кон Рамковна конвенција на ООН за климатски промени (УНФЦЦЦ) и кон Европската Унија. Студиската посета ќе вклучува и видео-конференции и настани со пренос во живо што ќе создаде чувство дека посетителите се на лице место.

Виртуелното студиско патување е финансирано од проектот „Зајакнување на институционалните и технички капацитети за подобрување на транспарентноста за климатски промени во рамките на Договорот од париз“, кој е финансиран од ГЕФ, а го спроведува УНДП. „Кога започна пандемијата со Ковид-19, моравме креативно да размислуваме како да продолжиме со градењето капацитети без да имаме средби со физичко присуство“, рече Павлина Здравева, менаџер на проектот. „Одрживме повеќе од 100 настани онлајн и бевме воодушевени од големиот број учесници. За жал, поради пандемијата сè уште не можеме да испратиме експерти во странство. Затоа, сакавме да организираме нешто повеќе од видео-конференција или вебинар. Ова студиско патување вклучува и прошетка низ објектите и други динамични искуства за учесниците кои ќе се вклучат од Берово, а може да вклучи и обиколка на локации што би можеле да ги видат на вистинско патување во Прага.

Чешката Република, која стана членка на Европската унија во 2004 година, секоја година известува за своите емисии до УНФЦЦЦ и до Европската комисија. Хидрометеоролошкиот институт е одговорен за собирање на сопствени податоци и податоци од други институции, за составување на инвентарот на стакленички гасови и за изготвување извештаи за чешката влада. Статусот на земја-кандидат на Северна Македонија и членството во Енергетската заедница значи дека експертите за клима ќе треба да подготвуваат и ваков тип на извештаи. „Сметаме дека Чешката Република е добар пример за ова студиско патување бидејќи тие веќе мораа да се прилагодат и да подготвуваат повеќе извештаи со инвентар на стакленички гасови за различни организации и можат да објаснат како практично и секојдневно управуваат со тој процес “, рече Сузан Легро, главен технички советник на проектот. „Секоја земја се стреми да го подобри собирањето и анализата на податоци и мислам дека ќе биде особено интересно за експертите од двете земји да ги споделат предизвиците со кои се соочуваат во моментот при известувањето за емисиите на стакленички гасови во земјоделството, отпадот и шумарството. Високото ниво на експертиза на македонските учесници ќе овозможи суштинска дискусија, а поради виртуелниот формат, можат да присуствуваат повеќе учесници и да имаат придобивки од оваа дискусија“, додаде таа.

Инвентарите на стакленички гасови се клучен дел од климатските активности, бидејќи тие прикажуваат колкави се емисиите на стакленички гасови во една држава со текот на времето. Согласно Парискиот договор потпишан во рамките на УНФЦЦЦ, земјите утврдуваат национални придонеси со кои ќе придонесат за ублажување на климатските промени, односно преземаат обврски за намалување на емисиите на стакленички гасови. Инвентарите се алатка што може да се користи за да се измери напредокот при спроведувањето на овие обврски. Северна Македонија се обврза на условно намалување на нето емисиите на стакленички гасови од 82% до 2030 година во однос на емисиите во 1990 година.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close