Одржана обука на тема: ''ПОВРЗАНИ СЕКТОРИ со климатски промени – Вода/Енергија/Храна''

Целта е да се претстават релациите вода, енергија, храна и климатски промени и да се потенцира важноста за холистички пристап за праведна пост-КОВИД-19 ниско јаглеродна економија.


Се одржа осмата обука на тема „ПОВРЗАНИ СЕКТОРИ со климатски промени – Вода/Енергија/Храна“. Обуката се реализираше во рамки на CBIT проектот “Зајакнување на институционалните и технички капацитети за подобрување на транспарентноста за климатски промени во рамките на Договорот од Париз (CBIT проект)” на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), кој се спроведува во соработката со Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) и Глобалниот фонд за животна средина (GEF). Целта на работилницата е да се претстават релациите вода, енергија, храна и климатски промени и да се потенцира важноста за холистички пристап за праведна пост-КОВИД-19 ниско јаглеродна економија.

На работилницата организирана од ЗОР Милиеуконтакт Македонија присуствуваа околу 60тина претставници од јавните инстуции, претставници од МЖСПП, УХМР, АПРЗ, Институт за сточарство Скопје, УНДП, ГЕФ, МАНУ, Дирекција за заштита и спасување, Центри за развој на плански региони и општини во РСМ и Градот Скопје, комунални претпријатија, независни консултанти и експерти од консултантски компании кои работат во областа на животната средина и претставници на здруженија на граѓански оганизации кои работат во областа на животната средина.

Мартина Блинкова Дончевска, Консултант за животна средина од G-Consult ltd., во својата презентација „Значењето нa интеракцијата помеѓу Вода - Енергија - Храна за одржливо користење и управување со природни ресурси“, ја објасни поврзаноста со целите за одржлив развој и целите на Парискиот договор, заканите врз биодиверзитетот, но и потребата од балансирање на различните цели и интегриран пристап на секторските политики и стратегии кои се однесуваат на Вода-Енергија-Храна кој ќе обезбеди економски и социјален развој и одржливо управување и користење природните ресурси.

Д-р Александар Дединец, Научен соработник при Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ), во својата презентација „Одржлив развој на енергија, вода и екосистеми“, ја објасни поврзаноста на пристапот Вода-Енергија-Храна со целите за одржлив развој (нула сиромаштија, чиста вода и санитација, прифатлива и чиста енергија), ги наведе стратешките документи во областа на енергетика, води и храна и поврзаноста со националните одржливи политики, како и интегрираноста на енергија и клима во националните стратешки документи. Исто така ја објасни силната врска помеѓу, прозиводството на електрична енергија, користење на вода и земјиште и потребата од користење на современи алатки и креирање на одржливи политики за поврзување на секторите.


Дејан Пановски, од Global Water Partnership-Mediterranean, во својата презентација „Тематски извештај за поврзаноста на ресурсите (NEXUS пристап вода-енергија-храна-екосистеми во Дримскиот речен слив)“, го објасни пристапот вода-енергија-храна-екоосистеми и методологијата која е применета за Дримскиот речен слив за изработка на тематскиот извештај. Ги објасни анализите/пристапот, односно поврзаноста помеѓу прашања за енергија и земјоделие во Дримскиот речен слив, определувањето на опсегот на анализата за мапирање на меѓусекторски врски помеѓу вода, енергија, користење на земјиштето и екостемите, биомаса и управување со шуми, развој на земјоделство и наводнување и ефектот на климатски промени врз овој сектор.

Др. Петра Поп Ристова од ЗГ„Еко Гаиа“, Битола, во својата презентација „Урбано градинарство“, го претстави проектот: Воспоставување на првата Урбана Градина во Битола за поддршка и примена на урбани одржливи решенија, кој е финансиран ог ГЕФ ПМГ, а спроведуван од Еко Гаиа и СОЗУ Кузман Шапкарев – Битола. Во презентацијата беше објаснет концептот на вертикално градинарство и придобивките односно придонесот кон NEXUS пристапот Вода-Храна-Енергија (пр. намалено користење на фосилни горива, енергетска заштеда и користење на обновливи извори на енергија, заштита на животната средина, пренамена на користење на земјиште и заштита на биодиверзитетот и др).

Професорите Ѓорѓија Гагалески и Билјана Апостолоска од СОУ „Орде Чопела“ Прилеп, во својата презентација го презентираа проектот „ЗЕЛЕНА МИНИ ЕКО ФАРМА“ финансиран од ФИТР во рамки на предизвикот за млади истражувачи. За реализација на овој концепт ќе се користат самоодржливи извори на енергија (фотоволтаична централа) а благопријатни одгледувачки услови за животните ќе бидат обзебедени преку (користење на опрема и апартура за контрола на микроклиматските услови во фармата, вградување на вентилатори и водена завеса, засадување на дрвја за засенување на фармата и хортикултурно уредување и др), а арското ѓубре ќе се користи за производство на биохумус.

Последната презентација од оваа обука беше „Општествена градина Бостание - Прва урбана градина во град Скопје“, проект кој е финансиран од Град Скопје, а имплементиран од ЗГ Зелената Арка. Од страна на Димитар Самарџиев во рамките на Општествена градина Бостание, како и во активностите на здружението беа претставени принципите и филозофијата на Пермакултурата, во практикувањето и промовирање на обновливиот развој и заштитата на животната средина.


Во прилог видео, агенда и презентациите (Interaction WEF; NEXUS WEFNexus Drin Basin AssesmentGreen eco-farmPermaculture design) од настанот

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close