Емисиите на стакленички гасови не се родово неутрални, туку се доминирани од мажи. Со други зборови емитерите на стакленички гасови се родово дефинирани и диференцирани, и во голема мера зависат на секојдневните индивидуални активности базирани родово-дефинираните улоги во семејството и општеството.
Во првиот блог Жените како агенти на промени беше потенцирано дека жените се помалку застапени во процесот на носење одлуки за националните климатски политики и мерки, како и во рамки на семејството, истовремено не е препознаен нивниот потенцијал за позитивна промена во процесот на прилагодување и ублажување на ефектите од климатските промени.
Вториот блог Kој има поголема корист? ја открива родовата структура и отсуството на родовата димензија на мерките за ублажување на ефектите од климатските промени, која што како таква треба да биде адресирана со јасно дефинирани ранливи групи во однос на климатските промени во различни климатски сектори и конечно да бидат вкрстени според полова припадност.
Доколку жените се помалку застапени како агенти на промени, и како корисници на националните мерки за ублажување на ефектите од климатските промени, потребно е да се даде одговор на прашањето: кое што е во суштината на овој проблем, а тоа е: Кој емитира повеќе стакленички гасови: мажите или жените?
Според последниот Национален Извештај за инвентарот на стакленички гасови “Најголемиот дел од стакленички гасови потекнуваат од енергетската индустрија (73.7% во 2016) а потоа е земјоделскиот (без шумарство) сектор со 11.8%, индустрискиот сектор со 8.5% и отпад со 6%. Доминантниот удел во однос на емисии на стакленички гасови од енергетскиот сектор е евидентен во периодот 1990-2016”. Според истиот извештај “најголемиот дел од емисиите на стакленички гасови потекнуваат од категоријата енергетски индустрии (51.0%), потоа транспорт (28.1%) и преработувачки индустрии и градежништво (13.9%). Останатите две категории сочинуваат 5% од вкупните емисии на стакленички гасови за 2016 додека пак останатите 2% се од таканаречените ‘’Fugitive emissions’’ ”.
Отсуството на официјални полово поделени статистички податоци за изворите на стакленички гасови на индивидуално ниво, сепак, достапните полово – поделени статистички податоци за некои од нив покажуваат разлики во различни аспекти на емисиите на стакленички гасови. Во таа смисла, видлива е родовата разлика во активностите, практиките и навиките кои што зависат од нивото на сиромаштија како и од родовите улоги во семејството и општеството.
Од друга страна, уделот на жените во стапката на невработеност и сиромаштија се повисоки отколку за мажите што во претходниот блог беше аргументирано дека е во тесна врска со пристапот до финансиски средства да се набавуваат или користат уреди кои што ќе бидат поволни за животната средина како и секојдневни практики и лични активности кои што имаат позитивно влијание на животната средина.
Дали уделот на жените во овој случај е поголем во однос на изворите на емисии на стакленички гасови? Не!
Во спротивност на врската со сиромаштијата како основа за емитирање на стакленички гасови, жените покажуваат поголема загриженост за проблемот со климатските промени и имаат поголема волја да прифатат нови бихевиорални практики кои што придонесуваат кон намалување на емисиите на стакленички гасови, но се недоволно застапени на клучни работни места односно во улога на носителки на одлуки, имаат помалку шанси да управуваат со семејните буџети како и претежно да се потпираат на примањата на брачниот партнер.
Во Наративна студија - Род и климатските промени во Република Северна Македонија - микронаративи се достапни податоците за индивидуални активности според род во насока на намалување на емисиите на стакленички гасови, кои што укажуваат на родовите разлики во однос на дневните предизвици на македонските граѓани и граѓанки во однос на климатските промени.
Мажите се повеќе застапени единствено во категоријата ‘’Не преземав ништо’’.
Второ, индустриите коишто се најголеми извори на стакленички гасови се доминирани од мажи вклучително и национални институции од областа на енергетиката, земјоделството, шумарството и други поврзани сектори. Мажите сеуште ги заземат одлучувачките позиции и следствено процесите коишто водат кон зголемување или намалување на емисиите на стакленички гасови. Истиот случај е и на пониските позиции во производствените и оперативните ешалони на овие сектори и институции каде што повторно мажите го сочинуваат најголемиот дел од работната сила.
Мажите доминираат во индустриите, и се доминантни носители на одлуки во приватниот сектор и институциите од секторите поврзани со емисии на стакленички гасови. Достапните полово-поделени податоци, од одлучувачките владини структури по парламентарните избори во 2020 години, покажуваат особено ниско учество на жени во клучните позиции (Министер, Заменик – министер и Државен секретар) во Министерствата кои што се одговорни за животна средина (Министерство за транспорт и врски, Министерство за економија, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за финансии, Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика). Процентот на жени на одлучувачки позиции во компании од енергетската индустрија укажуваат на многу ниско учество жените. (ЕЛЕМ 33% жени во Управен одбор и 14% во Надзорен одбор. ЕВН Македонија нема вклучено жени во Управниот одбор додека пак има 11% жени во Надзорниот одбор)
Уште еднаш ова укажува на тоа дека жените не се препознаени како ‘’агенти на промени’’ или попрецизно жените немаат можност да бидат ‘’агенти на промени’’
Паралелно на тоа податоците од транспортниот сектор укажуваат дека мажите се главните извори на стакленички гасови. Според податоците добиени во 2020 од Министерството за внатрешни работи, 71% мажи се сопственици на автомобили додека пак само 13% жени имаат регистрирано автомобил. Од ова произлегуваат две претпоставки: Првата е дека жените имаат тенденција да користат транспорт кој што не влијае негативно на животната средина и почесто користат јавен транспорт; Втората претпоставка е дека оваа процентуална разлика се должи на недостатокот на пристап до финансиски капитал кај жените што е во корелација со поголемата стапка на невработеност кај жените. Исто така, оваа разлика може да биде поврзана и со праксата за припишување и наследување имот, односно семејните добра како земја или пак возило се наследени почесто од синот наместо од ќерката[1].
Емисиите на стакленички гасови не се родово неутрални, туку се доминирани од мажи. Со други зборови изворите на стакленички гасови се дефинирани според род и во голема мера зависат на секојдневните индивидуални активности и од родовите улоги во семејството и општеството.
Затоа е од круцијална важност да се вклучи родовата димензија во процесите на анализа на изворите на стакленички гасови (на индивидуално и општествено ниво), за да може да се развијат ефективни мерки за ублажување од и адаптација кон климатските промени пред се. Тоа е можно да се направи преку истражување на различните родови перспективи и најважните родово базирани практики и ефекти кои придонесуваат кон намалување на емисиите на стакленичките гасови, и од друга страна, преку воведување практики во напорите за ублажување и адаптација да не придонесуваат кон постоечката родова нееднаквост.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}