Одржана обука „Поврзани сектори со климатски промени – земјоделство/шумарство/сточарство“

Целта на работилницата беше да обезбеди информации за релевантните засегнати страни и академската заедница за врските помеѓу секторите земјоделство/шумарство/сточарство и климатски промени


На 20.04.2021, се одржа четвртата обука на тема „ПОВРЗАНИ СЕКТОРИ со климатски промени – земјоделство/шумарство/сточарство“. Обуката е во рамки на CBIT проектот “Зајакнување на институционалните и технички капацитети за подобрување на транспарентноста за климатски промени во рамките на Договорот од Париз (CBIT проект)” на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), кој се спроведува во соработката со Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) и Глобалниот фонд за животна средина (GEF).

Целта на работилницата беше да обезбеди информации за релевантните засегнати страни и академската заедница за врските помеѓу секторите земјоделство/шумарство/сточарство и климатски промени и потребата од неопходна акција во овие сектори и инвестиции во зелена ниско-јаглеродна економија во периодот после пандемијата.

На работилницата присуствуваа околу 40тина претставници од јавни/владини инстуции, претставници од МЗШВ, МЖСПП, УНДП, Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, Факултетот за земјоделски науки и храна, општини во РСМ и претставници на здруженија на граѓански оганизации кои работат во областа на животната средина, шумарството и земјоделството, како и руралниот развој.


Од страна на г-дин Перица Иваноски, Државен советник за анализа на земјоделска политика при МЗШВ, беше претставена Националната Стратегија за земјоделството и руралниот развој за периодот 2021-2027, во која согласно Вториот и третиот двогодишен извештај за климатски промени на РСМ за следење на реализација на обврските од Рамковната конвенција на ОН за климатски промени и Националниот план за енергија и клима до 2030 година, планирани се мерки и интервенции мерките за ублажување на влијанието и прилагодување кон климатските промени во потсекторите сточарство, шумарство и земјоделство.


Од страна на Проф. Владимир Стојановски од Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, во презентацијата климатските промени и предизвиците во шумарството, беа прикажани ефектите од климатските промени и климатската варијабилност врз шумските екосистеми како во целиот свет, така и кај нас. Во презентацијата беа дадени и заклучоци, односно препораки за конкретни активности кои треба да се превземат со цел прилагодување на шумските екосистеми на климатските промени и ублажување на климатските промени.

Од страна на Проф. Др. Зоран Димов од Факултетот за земјоделски науки и храна, во презентацијата климатските промени и предизвиците во земјоделството, беа прикажани стакленичките гасови кои се емитуваат од секторот земјоделство во нашата држава, како може да се намали испуштањето на стакленичките гасови како резултат на разни земјоделски активности кои се причинители на глобалното затоплување и на кој начин земјоделството може да се прилагоди на тековните и идни климатаски промени со цел намалување на негативните влијанија кои овие промени ги имаат врз разни земјоделски гранки. Беше прикажана и ранливоста на земјоделскиот сектори и културите според Втората комуникација кон UNFCCC, во сите 8 региони, како и преглед на листата на фактори кои влијаат врз ранливост на земјоделството.

Презентацијата „Влијанието на климатските промени врз шумските екосистеми“, беше презентирана од страна на М-р Сашо Петровски од РЕФОРД – Регионален центар за шумарство и рурален развој. Во оваа презентација беа претставени влијанијата на климатските промени врз шумските екосистеми, како што се зголемен ризик од ерозија, шумски пожари, влијанија врз популациите на инсектите односно нивната смртност и распространетост на инсектите. Исто така во презентацијата беа дадени мерки и препораки, што треба да направиме за намалување на влијанијата на климатските промени врз шумските екосистеми.


Во презентацијата „Како влијанијата на климатските промени и потребата од прилагодување ќе го преструктурираат секторот земјоделство и рурален развој“, г-ѓа Елизабета Ристеска Мрческа од Рурална Коалиција, даде преглед на влијанието на климатските промени и како ќе биде погодено земјоделството од климатските промени. Исто така ги презентираше идентификуваните проблеми и ефекти врз земјоделскиот сектор, како и препораките за подобрување на моменталната состојба.

Последната презентација се однесуваше на „Локални акциони групи (ЛАГ) и климатски акции“ и беше презентирана од страна на г-дин Столе Георгиев, Координатор на тематска група ЛИДЕР при МРР. Во презентацијата беше прикажана законската рамка за формирање на ЛАГови и преглед на официјалниот регистар на ЛАГови (во моментот 13). Детално беше прикажана работата на локалната акциона група Плачковица, која се однесува на микро-регионот на територијата на општините Карбинци, Конче, Радовиш и Штип, односно стратегијата за локален развој на руралните средини на ЛАГ Плачковица за периодот 2021-2027 година, каде во скоро сите приоритети се предвидени активности за адатација и митигација на климатските промени.



Видео снимките од обуката се достапни на следните линкови:

Дел 1

Дел 2




{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

{{'article.tags'|translate}}

{{'newsletter'|translate}}

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close