Свесни сме дека климатските промени се најголем политички и економски предизвик на глобално ниво. Во моментов, како и во постковид-периодот на закрепнување на глобалната економија, се очекува климатската акција да биде еден од главните двигатели на одржлив развој на светските економии.
Климатската акција е високо на политичката агенда и на Европската Унија (ЕУ), со единствена цел да се постигне целосна климатска неутралност до 2050 година, односно декарбонизација. С Македонија како земја кандидат за ЕУ ги пресликува овие политики, но за приближување кон законодавството на ЕУ потребно е да се усогласат и други регулативи.
Како климатските политики може да бидат наша влезница за ЕУ, може да прочитате во ова интервју со Надица Угриноска, раководител на Одделението за транспорт, животна средина енергетика и регионална политика при Секретаријатот за европски прашања (СЕП)
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}