Енергетската ефикасност –прв принцип во креирањето на енергетските и климатските политики

Интервју со Валентина Страделова од Министерство за економија


Енергетската ефикасност е ресурс кој може да најде примена во многу сектори од економијата и е „непресушен извор’’ бидејќи широк е спектарот на новите истражувања и технологии кои можат да придонесат за се поефикасни производи, процеси и услуги, вели во ова интервју Валентина Старделова од Министерството за економија.

Европската Унија во 2019 година во својата Зелена агенда до 2050 година го зацрта принципот - прво енергетска ефикасност. Европа, институционално стана свесна за значењето на енергетската ефикасност и ја смени парадигмата во енергетскиот систем, третирајќи ја енергетската ефикасност како „енергенс број еден’’, вели во ова интервју Валентина Старделова од Министерството за економија. Посочува дека ова всушност се должи на фактот што со примената на мерките за енергетска ефикасност во последната декада во Европа беа остварени заштеди на енергија кои измерени и пресметани се многу поголеми од  производството на енергија од кој било енергенс. 

-И не само тоа, енергетската ефикасност е ресурс кој може да најде примена во многу сектори од економијата и е „непресушен извор’’ бидејќи широк е спектарот на новите истражувања и технологии кои можат да придонесат за се поефикасни производи, процеси и услуги. Оваа политичка определба во Зелената агенда на Европа стана правно обврзувачка за земјите членки на Унијата преку Регулативата за управување во енергетската унија и климатска акција, донесена во 2018 година. Како обврска од оваа Регулатива секоја земја членка на Унијата подготви Национален План за енергија и клима до 2030 година и го нотифицираше кај Европската Комисија. Принципот-прво енергетска ефикасност е имплементиран во секој национален план. Регулативата наметна обврски за земјите членки да го применат овој принцип и во снабдувањето со енергија, како и во побарувачката на енергија. Со други зборови регулативата им наметнува обврски на снабдувачите со енергија да нудат енергетски ефикасни решенија за потрошувачите, а на потрошувачите да можат да управуваат со енергијата преку т.н смарт решенија и како одговор на побарувачката. И последно, но не помалку важно, регулативата наметнува обврска принципот-прво енергетска ефикасност да се распространи и наметне на регионално, локално  ниво и кај бизнис заедницата. Со други зборови, енергетската ефикасност требa да се земе во предвид при секое енергетско планирање, при креирање на секоја енергетска политика, како и при донесување на секоја одлука за инвестирање. Тоа е патот за остварување на Зелената агенда, вели Старделова.

Целото интервју прочитајте го тука



{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close