На 15.02.2021, ЗОР Милиеуконтакт Македонија ја организираше втората обука на тема „ВРАЌАЊЕ КОН ПРИРОДАТА: Принципи за инвестирање во работни места поврзани со заштита на природата и иницијативи со цел да се поттикне економијата после пандемијата“.
На 15.02.2021, ЗОР Милиеуконтакт Македонија ја организираше втората обука на тема „ВРАЌАЊЕ КОН ПРИРОДАТА: Принципи за инвестирање во работни места поврзани со заштита на природата и иницијативи со цел да се поттикне економијата после пандемијата“. Обуката се реализираше во рамки на CBIT проектот “Зајакнување на институционалните и технички капацитети за подобрување на транспарентноста за климатски промени во рамките на Договорот од Париз (CBIT проект)” на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), кој се спроведува во соработката со Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) и Глобалниот фонд за животна средина (GEF).
Целта на работилницата е да обезбеди информации за релевантните засегнати страни и академската заедница за врските помеѓу акциите за обновување на природата, климатските промени, потребата за работни места поврзани со заштита на природата и инвестиции во зелена ниско-јаглеродна економија во периодот после пандемијата.
На работилницата присуствуваа околу 40тина претставници од јавните инстуции, претставници од Влада на РСМ, МЖСПП, МТСП, УНДП, ГЕФ, Институт за биологија, ПМФ, општини во РСМ и претставници на здруженија на граѓански оганизации кои работат во областа на животната средина.
Од страна на г-дин Александар Јаневски, советник за заштита на флорен, фунгијален диверзитет и природни живеалишта и заштита на фаунистички диверзитет и спроведување на CITES во МЖСПП, беше презентирана Институционалната Рамка за заштита на природата, надлежностите и одговорностите на Секторот за природа при МЖСПП, меѓународни ратификувани конвенции, директиви и документи за заштита на природата, како и стратешките документи за заштита на природата на национално ниво. Во презентацијата беше даден и краток осврт за Зелениот Договор на Европската Унија и Зелениот Договор за земјите од Западен Балкан, каде градењето на отпорни и одржливи економии, паралелно со заштитата на животната средина и човековото здравје, како и Транзиција на регионите зависни од јаглен, елиминирање на фосилните горива и примена на нови одржливи обновливи извори на енергија се главни елементи.
Д-р Петра Поп Ристова во својата презентација “Green Recovery”, се осврна на екосистемските услуги и зависноста на Светската економија која е базирана на ресурсите од природата и екосистемските услуги, како и принципите за инвестирање во зелени работни места. Во презентацијата беше нагласена потребата од обнова на екосистемите, што ќе придонесе до намалување на стакленичките гасови и подобрување на економските придобивки. Беше споделена и информација за усвојување на Пакетот за зелена обнова кој предвидува реформи за закрепнување и просперитет после COVID-19 пандемијата, кој опфаќа рефрми во животната средина, фискални и регулаторни рефеорми.
Во рамки на сесијата предвидена за локални искуства, односно придонес кон заштита на природата, г-ѓа Јасминка Пашалиска Андоновска, ги презентираше активностите на Програмата за зачувување на природата (ПЗП) поврзани со пост-Ковид адаптација и климатски промени, чија главна цел е регионот на Брегалница да ги сочува своите природни вредности и промовира социоекономски развој што е одржлив и инклузивен. Покрај зајакнување на институционалните капацитети и капацитетите на засегнатите чинители, реализирани се и неколку проекти (ТИЦ Пониква – Надворешно уредување и опремување, Промоција на природните вредности на Лесново, Промоција на микро регионот Малеш – Пијанец, Одржливо управување со жетвени остатоци и Стари вековни дрвја во регионот Малеш Пијанец), реализирани се и 35 проекти од страна на Здруженија на граѓани (14 проекти поврзани со ЕЕ, ОИЕ/ климатски промени и 21 проект поврзани со одржливо користење на природните ресурси и подигање на јаваната свест). Еден од релизираните проекти е и Eдукативниот центар за зачувување на природата во с. Негрево, О. Пехчево, чија цел е да придонесе кон зачувување на природата во брегалничкиот регион, преку едукација и подигање на јавната свест, како и промоција на одржливото користење на природните ресурси.
Последната презентација од оваа обука беше наменета за нови технолошки решенија засновани врз база на заштита на природата, каде беа дадени примери во светот и на национално ниво. На пример користење на зелена инфрастуктура при управување со води во урбана средина, може да биде обновување на природни и поставување на вештачки живеалишта, колекционирање на води, пропусни тротоари, потоа пошумување и зазеленување на урбаните објекти и др. На национално ниво како позитивен пример беа спомнати вештачките водни живеалишта за третман на отпадни води кај с. Карбинци, како и поставувањето на зелена инфраструктура за заштита од полави на Дојранското Езеро. Беше истакнато дека практикувањето на овие решенија покрај тоа што е ефикасно, е доста економично и лесно за одржување.
Целата обука е достапна на овој линк.
Повеќе обуки од областа на климатските промени се достапни на тренинг планот за 2021, додека минатите обуки можете да ги погледнете тука.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}