Република Северна Македонија е подготвена за поамбициозни Национални придонеси кон климатските промени

Интервју со Теодора Обрадовиќ Грнчаровска, државен советник за климатски промени во Министерстово за животна средина и просторно планирање и личност за контакт кон Рамковната конвенција на ОН за климатски промени


2015-тата година беше значаен момент на пресврт за агендaтa за климата и на меѓународно и на национално ниво. Се усвои нов глобален договор, Договорот од Париз. 2020-тата година е втора точка на пресврт, бидејќи означува почеток на клучен период на развој на човештвото, именуван како „деценија на дејствување“ и градење подобар свет по пандемијата на КОВИД.

КлиматскиПромени: Колку нашата држава е подготвена да ја следи меѓународната агенда за климатски промени и како ние ги поддржуваме овие напори?

Република Северна Македонија како држава потписничка на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени, се согласи да обезбеди информации за своите национално-определени придонеси за целите на Договорот од Париз: одржување на зголемување на глобалната просечна температура под 2°C над прединдустриските нивоа, настојувајќи да го ограничат зголемувањето до 1,5 ° C.

Во август 2015 година, државата го достави следниот придонес кон глобалните напори за намалување на емисиите на стакленички гасови: „Да се намалат емисиите на јаглероден диоксид од согорувањето на фосилни горива за 30%, односно за 36% при повисоко ниво на амбиција, до 2030 година во однос на референтното сценарио.“ (Национални придонеси кон климатските промени) од секторите снабдување со енергија, згради и транспорт.

До крајот на 2020 година, Република Северна Македонија, со поддршка на UNDP во рамките на Climate Promise иницијативата,  треба да достави  ревидирани и подобрени национални придонеси кои ќе бидат засновани на  Националната стратегиjа за енергетика, Националниот план за енергија и клима (во фаза на подготовка) и Третиот двогодишен извештај за климатски промени(ТБУР) каде анализите се проширија и врз секторите индустрија, отпад, земјоделство, шумарство и други употреби на земјиштето, по нивно претходно усвојување од страна на Владата на државата. Анализите од овие документи се основа и за долгорочната стратегија за климатска акција (исто така во фаза на изработка).

Засилениот придонес за намалување на климатските промени (кој треба да се достави со новите национални придонеси) е 51% намалување на емисиите на стакленичките гасови во 2030 година споредено со нивото од 1990 или изразено во нето намалување на емисиите за 82% во споредба со 1990 година. Проценетото намалување ќе се постигне со спроведување на Проширеното сценарио за ублажување - сценарио со дополнителни мерки (е-WAM), т.е. адаптираното Зелено сценарио од Стратегијата за енергетика кое е збогатено со политики и мерки од три сектори: индустрија; земјоделство, шумарство и други употреби на земјиштето; и отпад. Подобрениот национален придонес за климатски промени целосно ги поврзува секторите енергија и клима и е интегриран во  нацрт Планот за енергија и клима.

Со изработката на интегрираниот Национален план за енергија и клима на Северна Македонија е предвидено да се поддржи постигнувањето на долгорочните цели на енергетските и климатските политики, да се намали административниот товар и да се зајакне транспарентноста, истовремено промовирајќи ја сигурноста на инвеститорите во регионот.

Ваквиот интегриран пристап е во целосна корелација со барањата на Европското законодавство во делот на пакетот за енергија и клима и Зелениоит догovор за Западен Балкан, кaко и насоките на Енергетката заедница за декарбонизација на економскиот развој.

КлиматскиПромени: Меѓународната заедница алармира дека треба да се преземе амбициозна акција за да се реши глобалната климатска криза и да се контролира глобалното зголемување на температурата, бидејќи прозорецот на можности брзо се намалува. Колку амбициозни климатски акции планира Република Северна Македонија?

Заложба на Министерството за животна средина и просторно плнирање  е континуирана работа во анализи на потенцијалот за намалување на емисиите на стакленичките гасови преточени во конкретни политики и акции. Ревидираниот NDC го повторува Зеленото сценарио од Националната стратегија за развој на енергијата до 2040 година и е целосно усогласено со нацрт Националниот план за енергија и клима, кое е во согласност со следниве долгорочни цели (2040 година):

-61,5% намалување на емисиите на стакленички гасови наспроти 2005 година

-45% од обновливи извори на енергија-ОИЕ во бруто потрошувачката на финална енергија

-намалување на потрошувачката на примарна и крајна енергија наспроти вообичаеното сценарио (business as usual-BAU) за 51,8% и 27,5% соодветно

Покрај овие цели,  вградени се и резултатите од анализите за потенцијалот за намалување на емисиите на стакленичките гасови во неенергетските сектори, односно, вкупно се анализирани  63 политики и мерки за ублажување во секторите: Енергија (вклучително: набавка на енергија, станбен и неспецифициран, индустрија, транспорт), Земјоделство, Шумарство и друга употреба на земјиште (ФОЛУ), Отпад и Дополнителни мерки (овозможувачи на мерки за ублажување). Распределени по сектори (2030 година наспроти 1990 година), потенцијалот за намалување на емисиите на стакленички гасови би изнесувал :

• Енергија: Намалување од 66% (главно преку деактивирање на електрани со јаглен Осломеј во 2021 година и Битола до 2027 година)

• индустриски процеси и употреба н апроизводи-IPPU: 45% зголемување

• Земјоделство: 29% намалување

•шумарство и употреба на земјиште- FOLU: 95% отстранувања се зголемуваат

• Отпад: 21% намалување

Или сумарно изразено, потенцијалот за намалување на емисиите на стакленичките гасови во 2030 година во однос на 1990 година  изнесува 51%, или изразено преку нето емисии-82%.

КлиматскиПромени: Кои се предизвиците при ажурирање и имплементација на Националните придонеси кон климатските промени, и каква потреба за дополнителни ресурси очекувате во смисол на финансии, технологија, човечки капацитет и слично ?

Историски гледано, има двa тврдокорни проблемa поврзани со капацитетот. Прво, недостаток на  формализиран аранжман за подготовка на извештајот на државата за климатските промени кон УНФЦЦЦ и Договорот од Париз. Ова произлезе од недостаток на законска и регулаторна рамка за следење, известување и верификација (МРВ).  И второ, ограничен е организацискиот капацитет во рамките на македонските институции за собирање, анализа, известување и користење податоци поврзани со климатските промени.

Сметаме дека овие предизвици ќе ги надминеме со новиот закон за климатска акција и долгорочната стратегија за климатска акција (кои се во фаза на изработка), но со напомена дека на нивното усвојување и примена мора да претходи професионален и обучен административен апарат со јасно утврдени одговорности. Во таа насока, како што е веќе нагласено во повеќе извештаи, ќе биде потребно дополнување на постојни или создавање на нови систематизирани работни места со јасно дефинирани задачи и одговорности, за работа во различните аспекти на климатските промени и тоа не само во МЖСПП, туку и во останати институции, кое би требало да е следено и со адекватни промени во образовниот процес.

Како иден предизвик останува и така нареченото климатско обележување на финансиите, односно дефинирање на процент (%) од јавните финансии на национално ниво, кои се одделуваат за разни директни и индиректни активности поврзани со климатските промени .

КлиматскиПромени: Kои би биле научените лекции и што би им предложиле на колегите од другите држави?

Рационализација на обврските за известување ќе бара ре-структурирање во повеќе области на општеството. Од друга страна, исполнувањето на овие обврски може да се смета за предизвик за воведување на трансформативни промени и можност за воведување нови пристапи во планирањето, развојот и спроведувањето на политиките.

Градењето на т.н климатски отпорно општество со обезбедување на понизок јаглероден раст и развој, треба да се заснова на синергетски пристап и минимизирање на негативните последици меѓу генералните политики за развој и климатските политики.

Ова значи поттикнување на зголемување на амбициите во секој следен циклус на национални придонеси на државите кон Договорот од Париз, преку анализи и предлагање на политики и мерки чие спроведување резултира со максимизирање на ко-придобивките (како потенцијалот за генерирање на ,,зелени работни места, здравствени ко-бенефити итн). Се разбира дека веројатноста за успех од воведувањето на одредена нова политика на среден и долг рок, во голем процент зависи од прифатеноста и јасноста на таа политика, што значи унапредувањето на свеста и вклученоста на јавноста е елемент кој паралелно мора да биде адресиран заедно со аспектите на градење на институционланите и техничките капацитети.

Слично на тоа, стратегиите за развој и инвестициските планови треба да ги интегрираат климатските фактори, односно планирањето на просторот и урбаното планирање, како и секторските политики во областите енергетика (вклучително и транспортот), управувањето со водите, земјоделство, шумите, биолошката разновидност и природата, треба да се во насока на обезбедување понизок-јаглероден раст и развој и да се прилагодени на проектираните влијанија од климатските промени.

Ваквиот интегриран пристап бара адаптации во системите на образование, истражување и развој. Анализата на подцелите на целта 13 за климатските промени, може да идентификува празнини во политиките чие спроведување истовремено би воделе и до остварување на целта 4 за квалитетно образование. Во националниот контекст, се покажа дека интеграцијата на аспектите поврзани со климата во политиките за образование и политиките за истражување и развој е јаз, но, во некое време, тоа е можност државата да генерира основа за "мудро" креирање политики со цел понизок јаглероден раст и развој и градење општество поотпорно на идните климатски влијанија, каде што партнерството меѓу науката-политики-бизнис заедницата-јавност е клучен предуслов.

За тоа како националниот одговор кон Договорот од Париз за клима може да придонесе кон развојните политики на државата, можете да прочитате на следниот линк: https://klimatskipromeni.mk/article/429#/index/main

Доколку пак, сакате да прочитате повеќе за Зелениот договор на ЕУ, пристапете кон следниот линк: https://www.klimatskipromeni.mk/article/428#/index/main

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close