Вебинар: Тренинг за инвентар на стакленички гасови во енергетскиот сектор



Експерти од Академијата за наука и уметност на Северна Македонија (МАНУ) во партнерство со Програма за развој на Обединети Нации (УНДП) во Северна Македонија одржаа виртуелен тренинг за пресметување на емисии на стакленички гасови за претставници од земји од Западен Балкан и Источна Европа. На тренингот се споделија искуства околу најдобри практики, предизвици и алатки при создавање на инвентар за стакленички дискусии. Покрај официјалниот тренинг, секоја земја ги сподели сопствените искуства при што се увидоа разликите, а и сличностите во процесот во различни земји.

Глобалната програма за поддршка на УНДП / УНЕП за Мониторирање, Репортирање и Верификација во партнерство со УНДП Македонија и Академијата за наука и уметност на Северна Македонија (МАНУ) одржа виртуелна техничка обука на заинтересираните земји од Западен Балкан и Источна Европа со цел да се подобри разбирањето на клучните чекори во ажурирање на националниот инвентар на стакленички гасови специфично за енергетскиот сектор, да се надминат предизвиците во овој процес и идентификуваат потенцијални решенија, алатки и инструменти за нив. Обуката се одржа на 9-ти декември 2020 година  преку платформата Zoom и траеше 3,5 часа.



Обуката започна со презентација за најдобри практики од тимот задолжен за правење инвентар на стакленички гасови во Северна Македонија и осврна на детали за собирање податоци, анализа на несигурност, конзистентност на временски серии, проверка на податоците и контрола на квалитет како и верификација за енергетскиот сектор, во согласност со барањата на методологијата IPCC од 2006 година. 


 Преку обуката се постигнаа следните резултати:

- Запознавање со искуствата на тимот за инвентар на стакленички гасови (GHG - тим) од Северна Македонија при ажурирање на нивниот национален инвентар на стакленички гасови во енергетскиот сектор;

- Разбирање на приодите што ги презема GHG - тимот за собирање податоци: Собирање

постоечки податоци; Генерирање нови податоци; Прилагодување на податоците за употреба при креирање на инвентарот;

- Осознавање на предизвиците и проблемите со кои се соочил GHG - тимот од Северна Македонија и начинот на нивно решавање


По темелна презентација на најдобрите практики, тимовите од Северна Македонија, Албанија, Грузија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Црна Гора и Србија ги споделија своите искуства во пресметувањето на Инвентарот на стакленички гасови за нивните земји. Имаше информативна дискусија во врска со заеднички предизвици со кои се соочуваат и како најдобро да се решат истите.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close