Концептот за циркуларна економија се заснова на иницијативи применливи во текот на целиот животен циклус на производите, насочени кон нивниот еко-дизајн, промовирање процеси на циркуларност, поттикнување на одржлив синџир на вредност, одржлива потрошувачка, како и обезбедување на продолжена одржливост, за веќе вклучените природни ресурси во употреба, низ економските текови.
Концептот за циркуларна економија се заснова на иницијативи применливи во текот на целиот животен циклус на производите, насочени кон нивниот еко-дизајн, промовирање процеси на циркуларност, поттикнување на одржлив синџир на вредност, одржлива потрошувачка, како и обезбедување на продолжена одржливост, за веќе вклучените природни ресурси во употреба, низ економските текови. Главните предизвици на циркуларност, во овој економски модел се:
Визуелизацијата на циркуларноста може да се претстави од два аспекти: од еколошки, како круг на природата и од технолошки, како мрежа на интерконекција.
Сивата линија, претставена на сликата во продолжение, го прставува моделот на линеарна економија со линеарна врска помеѓу четирите економски функции на синџирот на вредности, екстракција на сировини, производство на стоки, користење на стоки (производи) и отстранување на стоките на крајот од животниот век.
Моделот на циркуларна економија се заснова на циркуларноста помеѓу четирите економски функции на синџирот на вредности: екстракција, производство, користење и крај на животниот век. Циркуларноста овозможува задржување на вредноста во синџирот на вредност, преку следните процеси (на сликата, прикажани со кружни циклуси-јамки):
Слика 1: Градење на циркуларноста врз јамките за задржување на вредноста
(согласно The circular economy: New or Refurbished as CE 3.0?)
Циркуларните процеси и технологии што придонесуваат за циркуларноста може да се групираат во 4 категории, согласно Табела 1, од највлијателни до најмалку влијателни:
Табела 1. Процеси на циркуларност
Водечки принцип | User to user | User to business | Business to business |
Reduce by design | Refuse | Repair | Repurpose |
| Reuse | Refurbish | Recycle |
| Reduce | Remanufacture |
|
Технологиите за производство на обновлива енергија со процеси кои базираат на управување со отпад, не се опфатени со циркуларните процеси наведени во претходните четири категории бидејки во нив, вредноста на материјалот се троши еднаш и не се вклучува повторно во кружен циклус.
Потенцијални придобивки
Концептот за циркуларна економија утврдува голем број начини на „затворање на јамката (close the loop)“ на животните циклуси на производите и овозможува изнаоѓање на нови, иновативни средства за оддалечување од културата „земете-направете-располагајте-отстранете“.
Пристапот на циркуларност помага кон придвижување, не само на еколошкиот, туку и на економскиот напредок. Според анализата на Европската комисија, дадена во најновиот документ - Акционен план за циркуларна економија, од март 2020, спроведувањето на стратешкиот концепт за циркуларна економија може да понуди големи придобивки:
За да биде во чекор со времето, следејки ги земјите на ЕУ, час поскоро нашата држава треба да започне со активности за развој и имплементација на патоказ за адаптација на циркуларно економско општество (roadmap for circular economic society), кој главно треба да се заснова на три меѓусебно поврзани општествени елементи на циркуларност:
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}