Интегрирање на родовата еднаквост во извештаите за климатски промени во земјите од Западен Балкан и Либан



Глобалната програма за поддршка (Global Support Programme, накратко GSP) за национални планови и двогодишни извештаи за климатски промени штотуку ги објави резултатите од тригодишната регионална пилот иницијатива „Родова интеграција во климатската транспарентност и мерење, известување и верификација (МРВ)“ за пет земји од Западен Балкан - Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија и Либан.

Глобалната програма за поддршка (Global Support Programme, накратко GSP) за национални планови и двогодишни извештаи за климатски промени штотуку ги објави резултатите од тригодишната регионална пилот иницијатива „Родова интеграција во климатската транспарентност и мерење, известување и верификација (МРВ)“ за пет земји од Западен Балкан - Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија и Србија и Либан.

Иницијативата на GSP имаше за цел да обезбеди насоки за земјите во развој како да се вклучи родовата еднаквост, чекор по чекор, во процесот на развој на националните планови и двогодишни извештаи за климатски промени, како и да се олесни размената на искуства и научени лекции во текот на овој процес.


Во документот се содржани напорите на нашата држава за родово одговорни климатски акции и се истакнуваат неколку добри практики, меѓу кои Прирачник за обука на родовите и климатските промени, конкретни истражувања за род и климатски промени во земјата, мобилизирање на женските политички групи како застапници за родови и климатски промени.

Најважната научена лекција е дека родовите аспекти можат да ја зголемат ефикасноста на македонските климатски активности. Покрај тоа, пилот-иницијативата ја зајакна соработката помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за труд и социјална политика и создаде услови за вклучување на родовите и климатските промени во новите стратешки документи, што се во фаза на развој.

Оваа пилот-иницијатива го даде потребниот поттик интегрирање на  родот и климатските промени во нашата земја, но Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) останува посветена и понатаму да ја поддржува интеграцијата на родовите аспекти во климатските активности преку своите тековни проекти. Следните чекори се:

  • Идентификување на различни алатки за собирање на податоците за родово дисагрегирани податоци
  • Охрабрување на младите за превземање на транспарентни и амбициозни климатски акции
  • Поддршка на соработката помеѓу женските парламентарни мрежи од регионот во размена на искуства и перспективи во дизајнирањето на климатските политики и активности
  • Поддршка на соработката на невладините организации, истражувачкиот и приватниот сектор во областа на род и климатските промени
  • Соодветна комуникација со јавноста за корелацијата помеѓу полот и климатските промени.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close