За секторите: земјоделство, сточарство, шумарство, и користење на земјиштето (АФОЛУ)
Тренинг материјалите и обуките за секторите земјоделство, шумарство и користење на земјиштето (АФОЛУ), се дел од активностите за јакнење на националните капацитети за климатски промени. Истите се подготвени и спроведени во рамките на проектот: „Четврт национален комуникациски план за климатски промени и Трет двогодишен извештај за климатски промени на РС Македонија“ кој се спроведува со финансиска и техничка поддршка на ГЕФ и УНДП.
Материјалите се наменети за креатори на политики, истражувачи и сите моментални и идни актери во процеси поврзани со ублажување на ефектите од климатските промени.
Основните извори, процеси и принципи на емисиите на понорите на стакленичките гасови, постапката за инвентаризација, основните методи и техники на инвентарот, IPCC методологијата за проценка на емисиите и предлог мерките за намалување на емисиите на стакленички гасови во секторот, се претставени преку материјалите кои можете да ги најдете на линковите подолу:
Тренинг материјали за подготовка на инвентар на стакленички гасови
Како се подготвува инвентар на стакленички гасови во нашата држава?
Содржина: извори на емисии и понори на стакленички гасови во Македонија; основни методи и чекори за подрготовка на инвентар на стакленички гасови.
Методологија: 2019 - IPCC Водич за национален инвентар на стакленички гасови од сектор земјоделство, шумарство и употреба на земјиште
- Прирачник - АФОЛУ Тренинг Материјал
- Презентација за подготовка на инвентар, извори и понори на стакленички гасови и емисии од почвата
- Шумарство - Инвентаризација на стакленички гасови
- Сточарство - Инвентаризација на CО2
Тренинг материјали за мерки за ублажување на емисии на стакленички гасови
Кои мерки имаат најголем потенцијал за намалување на емисиите на стакленички гасови?
Содржина: Мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови предложени во Третиот Двогодишен извештај за климатски промени
Методологија: IPCC
- Мерки за ублажување во шумарство
- Мерки за ублажување во растително производство
- Мерки за ублажување во сточарство
Видео снимки од обуката:
Дополнителни материјали:
Од каде доаѓаат емисиите на сталенички гасови
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}