Науката зад климата, објаснета во 10 графикони



Три земји емитуваат повеќе од половина од стакленичките гасови во светот. Графикон од Светскиот институт за ресурси (WRI) Илјадници луѓе се очекува да учествуваат на Маршот на Народното движење за климата во Вашингтон Д.Ц. и во сестринските градови на Вашингтон во светот во текот на следниот викенд. Тие маршираат бидејќи активностите кои до сега ги презеле владите и другите институции не одговараат на сериозноста на влијанијата од климата - и на оние кои до сега се случиле и на тие кои се предвидува да се случат во следните години. Сега е добар момент да се разгледаат фактите. Што знаеме за глобалните промени во климата и кои влијанија од нив ги очекуваме во иднина? Следните графикони кажуваат многу.

Што се климатските промени?

Доаѓате во Вашингтон за Народниот климатски марш? 


Придружете ни се на средбата на Светскиот институт за ресурси во петок, 28 април. 

Климатските промени се долгорочни промени во временските шаблони и/или во просечната клима, и вклучуваат промени во температурата и во врнежите. Иако климата се менувала и во минатото, сега гледаме дека се менува со до сега невидена брзина. Како резултат на насобраните стакленички гасови во атмосферата кои ја задржуваат топлината - поради нашето горење на фосилните горива, сечењето на дрвјата и другите активности - глобалните просечни температури сега се менуваат побрзо од кога и да е во последните 1 000 години.



Што ги предизвикува климатските промени?


Кога моделите за моделирање на климата ги содржат само природните предизвикувачи на климатските промени, како што се природната променливост и вулканските ерупции, тие не можат да ги постигнат најновите зголемувања во температурата. Само кога моделите го вклучуваат и зголемувањето на емисиите на стакленички гасови предизвикано од активностите на човекот, се прикажуваат забележаните промени. 


Дали се променети емисиите на светско ниво?

Емисиите се зголемуваат уште од индустриската револуција, но стапката на годишно зголемување на емисиите во текот на првите 10 години од овој век беше речиси удвоена од стапката помеѓу 1970 и 2000 година.


Емисиите од фосилните горива и од индустријата забележаа неверојатен пораст во последните години – 63 проценти од 1990 година.

Кои се најголемите емитувачи?

Од 1850 до 2011, петте најголеми емитувачи - САД, Европската унија, Кина, Руската Федерација и Јапонија - заедно емитуваа две третини од емисиите на CO2 во светот.
Денес, Кина се јавува како најголем емитувач, и Кина, ЕУ и САД се првите три најголеми емитувачи на емисии. Заедно тие емитуваат повеќе од половина од сите емисии на стакленички гасови во светот. Спротивно на ова, 100-те земји кои најмалку емитуваат, сите заедно се одговорни за само 3,5 проценти од емисиите во светот. Речиси три четвртини од емисиите во светот се направени само во 10 земји. 


Во која мера треба да го ограничиме глобалното затоплување?

Парискиот Договор за климатските промени поставува таргет за земјите согласно кој тие заедно треба да го ограничат зголемувањето на температурата во светот на 2 степени Целзиусови, односно температурата да се задржи на 1,5 степени за да се избегнат некои од најлошите последици од климатските промени. Количеството на јаглеродни емисии кои можеме да ги емитуваме, а сепак да останеме на зголемување на температурата под 2 степени се нарекува „јаглероден буџет“. Од 2011 година, светот веќе потроши речиси две-третини од јаглеродниот буџет и до 2033 ќе го надмине доколку не се намалат емисиите. 

Кон што се движи температурата?

Доколку ги нема најновите обврски на земјите да ги намалат емисиите познати како соодветни национални придонеси, или INDCs, би имале зголемување од 4-5 степени Целзиусови. Дури и ако овие национални придонеси целосно се спроведат, просечните светски температури сепак би се зголемиле за 2,7-3,7 степени до 2100 година, како што покажуваат многу студии. Тоа е многу повеќе од светската цел да се ограничи зголемувањето на температурата до 1,5- 2 степени.


Кои се некои од влијанијата на климатските промени до сега?


Влијанијата на климатските промени веќе се јавуваат и тие се присутни насекаде во светот. На пример, климатските промени веќе предизвикаа: повеќе негативни отколку позитивни влијанија врз културите како што се житото или пченката; избелување на коралите и промена во местото на живеење на некои видови; почести топлински бранови; поплавување на површините покрај морињата и океаните; зголемено изумирање на дрвјата во некои региони; и значително губење на мразот на места како штос е Гринленд и Антартикот. 

На пример, како резултат на топењето на мразот кој е на почва, како тој од глечерите и ледените покривки, како и поради топлинското ширење на океаните, имаме покачување на нивото на морињата за

3,4 милиметри годишно во периодот 1993-2015

, со што луѓето кои живеат на бреговите се повеќе изложени на поплави и оштетување на инфраструктурата.



Какви влијанија очекуваме во иднина?

Влијанијата во иднина ќе зависат од нашите емисии и од зголемувањето на температурата. Колку станува потопло, толку влијанијата ќе бидат поголеми и помала ќе биде нашата способност да се адаптираме. 


Дали има знаци на напредок? 

Неодамна видовме знаци на „раздвојување“. Според Меѓународната агенција за енергетика (IEA), емисиите на јаглерод диоксид предизвикани од производството на енергија останале на исто ниво три години по ред иако светската економија доживеала пораст. Ова задржување на нивото на емисиите, меѓу другото, се должи и на тоа што сé повеќе се користи енергија од обновливи извори, се менува горивото од јаглен на гас и се зголемува енергетската ефикасност. Ова раздвојување исто така може да се види и на ниво на поединечни земји, и тоа кај 21 држава во периодот 2000-2014. Дали е ова знак за подолгорочни промени останува да видиме. Ќе треба да постигнеме големо намалување доколку сакаме да ги ограничиме опасните промени во климата, и дури и со овие заложби и обврски за намалување на емисиите, светските емисии се очекува да се намалат дури по 2030 година.

Дали инвестираме во решенија?


Инвестициите во обновлива енергија во светски рамки пораснаа во последните години до 285,9 милијарди долари во 2015 година, што е 5 проценти зголемување во споредба со претходната година и е највисок износ до сега. Во 2015 година, обновливата енергија (без големите хидроелектрани) за прв пат претставуваше поголем дел (54,6 проценти) од новоинсталираните капацитети за производство на енергија. 


Имајќи го ова предвид, мора да ги напуштаме фосилните горива многу побрзо доколку сакаме да не ја пропуштиме можноста да го ограничиме затоплувањето на 1,5-2 степени Целзиусови.

Марширање за акција 

Ајде да се надеваме дека како што луѓето ќе почнат да излегуваат на улиците, лидерите ќе се освестат за обемот на климатските промени и за задачите кои се пред нив. За избегнување на најопасните влијанија на климатските промени -- за што е потребно намалување на емисиите во втората половина на векот -- ќе биде потребно да се преземат одржливи активности, а не само да се остане на активностите организирани за овој викенд. 


Преземено на 24.07.2017 од http://www.wri.org/blog/2017/04/climate-science-explained-10-graphics?utm_campaign=wridigest&utm_source=wridigest-2017-04-26&utm_medium=email&utm_content=learnmore

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close