Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP) во партнерство со Општина Ресен и Министерството за животна средина остварија повеќегодишна соработка фокусирана на реставрацијата на екосистемот на Преспанското Езеро, пред се преку воведување на сеопфатни мерки за значајно подобрување на целокупното здравје и зајакнување на отпорноста на Преспанското Езеро и обезбедување долгорочна контрола на процесот на еутрофикација.
Проектниот специјалист Никола Здравески, кој повеќе од 6 години е активно вклучен во спроведувањето на овие иницијативи, објаснува дека планот за управување со сливот на Преспанското Езеро претставува првиот изготвен плански документ во државава кој е изработен за ова подрачје според методологијата на Рамковната Директива за Води (РДВ 2000) на Европската Унија. Во државите членки на Европската Унија, целокупното планирање и искористување на природните ресурси ги анализира првенствено и зема во предвид потенцијалните ефектите од таквото планирање врз водните ресурси. Квалитативниот и квантитативен статус односно состојба на водните тела (реки и езера) се во фокусот на управувачките принципи на Рамковната Директива за Води и тие детерминират во која насока и до кој степен директно или индиректно можеме и смееме да ги експлоатираме. Темелејки се на овој принцип со помош на ескпертска поддршка, за прв пат успеавме да направиме сеопфатна идентификација и квантификација на сите загадувачи: точкасти и дифузни на водните тела во Преспанскиот слив, преку координирана и транспарентна платформа ги вклучиме сите идентификувани значајни чинители во управувањето со водните ресурси и изготвиме програма на мерки за заштита и унапредување на состојбата на водите во сливот на Преспанското Езеро. Планот за управување со сливот на Преспанско Езеро се однесуваше на планирачки период од 6 години (2010-2016) согласно принципите на планирачка рамка на РДВ 2000. Благодарение на поддршката од страна на Швајцарската Агенција за Развој и Соработка (SDC) која го финансираше проектот за заштита на Преспанско Езеро спроведен од УНДП, успеавме во голем дел да реализираме од зацртаните активности вклучително активности во секторот земјоделство и намалување на неговото влијание врз водите, подобрување на системот за третирање на отпадните води и изградба на системи кои се темелат на природни процеси на пречистување, воведување на систем за управување со биоразградливииот отпад, насочени активности за намалување на ерозивните процеси и деградација на земјиштето и воспоставување на локални капацитети преку изградбата на мониторинг станицата во село Стење за перманентно следење на состојбите со квалитетот на водите во сливот, процена на ефектот од сегашните и идни реставрациски напори и активности.
линк до целото интервју https://klimatskipromeni.mk/article/492#/index/main
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}