Во рамки на Трет двогодишен извештај за климатски промени на Република Северна Македонија, кој неодамна е објавен се вели дека за да може да се анализира целокупниот придонес на политиките и мерките за ублажување од Третиот двогодишен извештај за климатски промени во насока на одржливот развој, потребно е покрај економските и околинските аспекти, да се адресираат и социјалните аспекти.
Социјалниот аспект во Студијата се анализира преку бројот на новосоздадени зелени работни места кои што зависи од времето (годината) на спроведување на политиките и мерките во секое сценарио поединечно. При тоа разгледани се 4 сценарија за ублажување на климатските промени, и тоа сценарио без мерки (WOM), сценарио со постојни мерки (WEM), и две сценарија со зголемено ниво на амбиција (WAM и e-WAM).
Општо земено, во сите сценарија уделот на зелените работни места од областа енергетска ефикасност е повисок споредено со уделот на зелените работни места од обновливи извори на енергија (ОИЕ).
Анализите покажаа дека максималниот број на зелени работни места за кои постои можност да се отворат како резултат на инвестирање во климатски акции е 9.895 зелени работни места до 2035 година.
Технологии кои најмногу придонесуваат за создавање на нови зелени работни места на национално ниво се реконструкција на згради со скоро 50% во 2035 година во сценарио со зголемени амбиции (е-WAM сценарио), проследено со изградба на нови згради, вклучувајќи пасивни згради (23%), фотоволтаици (10%) и соларни термални колектори (8%).
По 2036 година се забележува намалување во создавањето на зелени работни места на национално ниво главно поради намалениот број на фотоволтаични инсталации, како и на реконструкција на постојните згради.
Во однос на придонесот по мерки, оние кои имаат најголем удел во бројот на нови зелени работни места на национално ниво се реконструкција на постојните станбени згради (42%), изградба на пасивни згради (21%), ОИЕ (6%) и соларни термални колектори (8%) во е-WAM сценарио во 2035 година.
Земајќи ги предвид видовите на работни места направени се основни анализи во однос на родовиот аспект, при што се покажа дека најмалку 27% од максималниот број на работни места во 2035 година може да бидат поврзани со жени.
Прочитај повеќе тука.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}