Северна Македонија ја губи борбата против енергетската сиромаштија?



Северна Македонија има една од највисоките стапки на невработеност, сиромаштија и социјална исклученост во Европа. Овие услови, заедно со лошата инфраструктура, зголемувањето на цените на енергијата и владината неактивност значи дека загрижувачки голем дел од населението се соочува со енергетска сиромаштија. Неможноста за соодветно загревање на домовите, подготвување на топол оброк и одржување на лична хигиена е реалност за многу Македонци. За жал, секој обид досега за решавање на ова прашање е во голема мерка несоодветен.

Што е енергетската сиромаштија?


Во моментов не постои унифицирана дефиниција за енергетска сиромаштија низ цела Европа, па дури ни во рамките на ЕУ.

Според Прирачникот за енергетска сиромаштија, под „енергетска сиромаштија обично се подразбира кога едно лице или домаќинство не е во можност да го загрее својот дом или да обезбеди електрична енергија во својот дом до прифатлив стандард и по достапна цена”. Во реалноста, оваа дефиниција опфаќа многу широк спектар на основни активности. Може да се однесува на тоа ако луѓето не можат да си ги загреат домовите соодветно, но и ако не можат да ги оладат домовите во топлите лета; може да значи дека не можат да си дозволат приготвување на топла храна или немање секогаш кога е потребно топла вода за бања и можност за перење на облеката; или пак ги немаат условите за користење на основните уреди во домаќинството (машини за перење, пегла, телевизори, компјутери, итн.)."

Некои земји го дефинираат тоа со поедноставени термини и таквите дефиниции честопати се однесуваат само на неможноста за соодветно загревање на домовите односно неможноста за плаќање на комуналните услуги. Во Шкотска, Велс и Северна Ирска, енергетската сиромаштија е дефинирана како ситуација кога едно домаќинство е принудено да потроши повеќе од 10% од своите приходи за да „одржи задоволителен режим на греење“.

Иако поимот енергетска сиромаштија се споменува во Стратегијата за развој на енергетиката во Северна Македонија, таа не го дефинира овој поим, а сите дејствија што се спроведуваат од владите во минатото и сегашноста се фокусираат на лица кои ги нарекуваат „ранливи потрошувачи на енергија“.


Енергетска сиромаштија во Северна Македонија

Високата стапка на сиромаштија и невработеност во Северна Македонија придонесуваат многу кон влошување на енергетската сиромаштија. Неверојатни 41,1% од населението се изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост што е речиси двојно повисок од просекот на ЕУ од 21,8%. Моменталните статистички истражувања покажуваат дека 16,2% од граѓаните во земјата се невработени, во споредба со 6,7% невработеност кој е просекот во ЕУ. Иако стапката на невработеност значително е намалена во текот на годините, шансите дека овие податоци не ја прикажуваат реалната слика на невработеност се доста големи поради фактот дека од 2002 година се нема спроведено официјален попис во земјата. Без вистинска слика на бројот на населението, нема начин како да се дознае кое е влијанието врз стапката на невработеност од бројот на млади лица кои се веќе во категоријата на работоспособни лица од последниот попис до сега, како и големиот број на луѓе кои имаат емигрирано. Покрај тоа, пандемијата КОВИД-19 без сомнение силно ја погодува економијата на земјата.

Неможноста да се загреат просториите за живеење е еден од главните проблеми со енергетската сиромаштија во Северна Македонија. Во 2014 година, над 40.000 домаќинства имале проблеми со плаќање на сметките за електрична енергија, а главниот дистрибутер на гас забележаал пад и намалување на бројот на корисници од 30% во периодот од 2007 до 2014 година како резултат на зголемувањето на цените. Овие корисници и голем дел од населението чии домаќинства не се поврзани со мрежата за централно греење во земјата, немаат друг избор освен да се префрлат на други форми на греење, како што се печки на цврсто гориво кои не загреваат соодветно и создаваат загадување на воздухот што има значајни здравствени последици. Околу 35% од домаќинствата се борат да бидат во чекор со исплатата на сметките за електрична енергија и огрев.

Население кое не може да го задржи домот соодветно загреан според статусот на сиромаштија, 2018 година (Евростат)


Во 2018 година, скоро 25% од Македонците изјавиле дека не можат да ги загреат своите домови соодветно, во споредба со просекот на ЕУ од 7,3%. Само Бугарија и Литванија пријавиле полоши ситуации во своите земји.

Циркулаторните и респираторните заболувања се два од најголемите убијци во Северна Македонија. Во 2013 година, тие учествувале со 60% од сите смртни случаи во земјата. Дури 11.767 луѓе го загубиле животот заради болести кои се тесно поврзани со енергетската сиромаштија и загадувањето на воздухот. Ова го објаснува фактот дека Северна Македонија во моментов има 15-ти најголем број смртни случаи на милион во Европа како резултат на КОВИД-19; вирусна респираторна болест.

Состојбата на многу згради и домови во земјата е уште еден фактор што придонесува за енергетската сиромаштија. Околу 85% од истите биле изградени помеѓу 1950 и 1990 година, во време кога немало закони или мерки за енергетска ефикасност. Состојбата на овие градби го отежнува одржувањето на истите да бидат добро изолирани и воопшто, погодни за живеење. Истражувања откриваат дека 15,3% од домаќинствата имаат покриви кои протекуваат, имаат влага во sидовите, подовите и темелите, како и гниење на рамките на прозорците или подовите. 4,5% од испитаниците сметале дека нивните куќи се премногу темни.


Што прават властите и креаторите на политики во врска со овој проблем?

Настрана моралната обврска на државата да се справи со јасниот масовен проблем, таа е должна точно да го дефинира и да спроведе мерки за заштита на ранливото население од енергетската сиромаштија како договорна страна на Енергетската заедница. Како кандидат земја-членка на ЕУ, Северна Македонија треба да се придржува и кон неодамна имплементираната Регулатива за управување со Енергетската Унија и за климатска акција.

Стратегијата за развој на енергетиката и Законот за енергетика даваат приоритет за „намалување на енергетската сиромаштија и заштита на ранливите потрошувачи“. Стратегијата предлага усвојување на Програма за ранливи потрошувачи за да се обезбеди нивно безбедно и сигурно снабдување со енергија. Програмата за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2020 беше усвоена на во јануари оваа година.

Да се биде корисник на бенефитете од програмата мора да се биде регистриран „ранлив потрошувач на енергија“ и тоа, во зависност од состојбата и условите, „ранлив потрошувач на електрична енергија“ или „ранлив потрошувач на гас”. Програмата вклучува голем број на многу специфични и крути критериуми кои треба да се исполнат за да се биде корисник на овие придобивки. Ранливиот потрошувач на енергија мора да живее во домаќинство кое е регистрирано за финансиска помош и е во категорија на „социјален ризик“ што е дефинирана како мајчинство, болест, старост, повреда или инвалидитет. Потрошувачите на електрична енергија или гас кои спаѓаат во оваа категорија треба да исполнуваат и голем број други предуслови, како што се добивање на електрична енергија или гас од одредени снабдувачи, лимит на годишната потрошувачка и користење на соодветен метод со кој се мери потрошувачката на електрична енергија.

Придобивките кои ги имаат малкумина среќници кои се квалификувани по гореспоменатите критериуми, вклучуваат ослободување на такси поврзани со приклучување или повторно поврзување на мрежата, бесплатна проверка на потенцијално неисправни броила или давање приоритет кога треба да се поправат  дефекти. За добитниците на овие придобивки, снабдувачите не смеат да ги исклучат ранливите потрошувачи за пропуштените плаќања во декември, јануари или февруари и доколку имало пропусти при подмирување на трошоците надвор од таа временска рамка, снабдувачите треба да чекаат 60 дена од пропуштениот датум на плаќање за да го сторат исклучувањето и да пратат писмено известување 40 дена пред тоа. Исто така, постои и „можноста“ за одложено плаќање или реструктуирање на долгот.

11 милиони МКД (178,654,90 евра) се издвоени од буџетот за 2020 година за финансирање на оваа програма. Доколку ги земеме во предвид тие 25% од населението идентификувано од Енергетската заедница како ранливо (иако ова само ја зема в предвид неможноста за соодветно загревање на домовите), тоа значи дека само по 21,55 ден. (или 0,35 евро центи) по лице кое живее во енергетска сиромаштија во Северна Македонија се распределени од страна на програмата.

„Бројните придобивки“ од Програмата ќе им дадат многу малку и тоа само на малкумината кои успеале да се квалификуваат за истите, што веројатно нема да направи ништо особено за ублажување на последиците од енергетската сиромаштија и ќе остави голем дел од ранливото население и без тие придобивки. Обид за добивање на појасна слика за вистинската големина на проблемот се уште не се ни споменува. Се разбира, без официјален попис, ќе биде тешко да се направи било што на кој и да било начин.

Луѓето кои живеат со реалноста на енергетската сиромаштија во Северна Македонија имаат многу поголеми потреби од трошките наведени во Програмата. Списокот со барања на коалицијата Право на Енергија опфаќа многу од неопходните чекори што треба да се преземат и се патоказ за решавање на проблемот:

  1. Забрана за исклучување со што ефективно се обезбедува правото на енергија;

  2. Снабдување со минимална количина на енергија за сите;

  3. Масовна програма за реновирање низ ЕУ, за да се обезбеди пристојно, ефикасно домување за сите;

  4. Насочување на поддршка кон најранливото население во активностите за реновирање;

  5. Препознавање на улогата на енергијата во секоја заедницата за ублажување на енергетската сиромаштија;

  6. Поддршка за енергетски проекти во заедницата за борба против енергетската сиромаштија;

  7. Европска дефиниција за енергетска сиромаштија, за да се разбере и следи проблемот на ниво на ЕУ.



Климатски Набљудувач / The Climate Herald ќе објавува редовни написи поврзани со климатската криза засновани на научни истражувања и разговори со специјалисти од овие области. Наша цел е да обелоденуваме како климатскиот колапс влијае на секој аспект од нашите животи, какви решенија ни се достапни и што треба да се смени за решавање на најголемиот проблем на денешнината.



Автор: Џеј Ди Фаруџиа

Џеј Ди работи како проектен менаџер и менаџер на кампањи во приватниот и во граѓанскиот сектор, како и во областа на уметноста и културата од 2010. Некои од овие улоги вклучуваат: управител на граѓанска организација фокусирана на одржлив риболов, креирање и координирање на програми за граѓанско општество и координација на програмата на локален театар. Џеј Ди има МSс во Менаџмент со животната средина и Планирање и завршено додипломски студии во Психологија на Универзитетот во Малта. Тој во моментот е вклучен во различни проекти поврзани со екологијата и животната средина, како и уметнички проекти во Малта, Северна Македонија и на европско ниво.


Превод и адаптација: Симона Гетова

{{"article.trending"|translate}}

{{"article.lastestPosts"|translate}}

{{'article.tags'|translate}}

{{'newsletter'|translate}}

Subscribe to our newsletter for good news, sent out every month.

{{"successful.subscription"| translate}}

{{subscriber.subscriber.email}}

{{"thank.you.for.subscription"|translate}}

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close