Како се пресметуваат инвентари на стакленички гасови и можностите тие да се намалат во иднина

Обука за институциите во областите земјоделство, шумарство и промена на користење на земјиштето


Изминатата недела се одржа дводневна тренинг програма за начинот на подготовка на инвентари на стакленички гасови, нивните понори (нивната апсорпција) како и можностите да се намалат емисиите. Реномирани експерти од Земјоделски институт, Факултет за земјоделски науки и храна и Шумарски факултет ги пренесоа своите долгогодишни искуства на 30 учесници од различни институции.

Оваа тема е од големо значење, бидејќи инвентарот на стакленички гасови кој нашата држава го подготвува веќе 20 години, е основа за сите анализи поврзани со климатските промени. Токму затоа, инвентарите треба да бидат што поточни и подетални, а за тоа се потребни квалитативни податоци.

Првиот ден на обуката Проф. Душко Мукаетов и Проф. Сретен Андонов ги презентираа основните извори, процеси, начините на пресметка на емисии и понорите на стакленички гасови во секторите земјоделство, сточарство и промена на користење на земјиштето (пресметка на емисиите на стакленички гасови од сточарското поризводство, растителното производство, пасиштата и другите начини на искористување на земјиштето).

Вториот ден, Проф. Љупчо Несторовски покажа како се евидентираат шумите во инвентарите на стакленички гасови, а Проф. Сретен Андонов и Проф. Ордан Чукалиев повеќе се фокусираа на мерките за намалување на емисиите на стакленички гасови во горенаведените сектори, предложени во Третиот двогодишен извештај за климатски промени.


Оваа дводневна обука беше крунисана со многу интересна дискусија од страна на учесниците, која во значителен дел се осврна и на идентификување на начини како мерките кои се предложени да наидат на поголем одзив во институциите и да се олесни нивната имплементација.

Неколку заклучоци од тренинг програмата и дискусијата:

Да се направат повеќе економски анализи (цената на мерките и колкави се бенефитите) и да се презентираат пред креаторите на политиките по изборите;

  Дел од мерките да се вметнаат во националната програмата за рурален развој, со цел да се олесни нивната имплементација;

Надлежните органи да идентификуваат можности како да се стимулираат земјоделците да се здружат во задруги, како најсоодветен начин да се вклучат на поголеми пазари, но и да го подобрат квалитет на своите производи преку инвестиции во заштита на родот од климатски промени. Дополнително, потребна е добра едукација и информирање на земјоделците за придобивките од мерките;

  Потребно е да се воведе интегрирано, системско решение за генерирање на отпад или неговото одлагање кај земјоделците, но и за останатите граѓани.


Целата тренинг програма можете да ја следите на следните линкови:

Ден 1

Ден 2

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close