Во иднина мораме да размислуваме за решавање на проблемот со водоснабдувањето. Еден од начините кој досега го користевме а тоа е наводнување по каналите треба да почнеме да го заменуваме со наводнување од бушотини коишто од друга страна ќе доведат до поскапена експлоатација на изворите, односно пумпените извори
Производството на грозје може да биде значително загрозено поради влијанието на климатските промени,односно со недостигот на вообичаените врнежи на снег и дожд, како и на директните влијанија врз препознатливите македонски сорти. Делчо Балтовски, сопственик на Агролозар и винаријата Далвина, во интервјуто за klimatskipromeni.mk вели дека веднаш треба да се започне со нови проекти според насоките на УНДП за ефикасно искористување на водата и промената на обновливите извори на енергија во лозарството, овоштарството и производството на вино. Агролозар е една од водечките фирми, производител и извозник на трпезно грозје од Македонија. Фирма која е лоцирана во југо-источниот дел на земјава село Хамзали, во близина на Струмица. Агролозоар се бави со производство и трговија на трпезно и винско грозје, овошје, зеленчук и посадочен материјал. Фирмата Агролозар има 400ха лозови насади од кој 340 вински сорти и 60 хектари трпезно грозје од сортата "викторија".
КлиматскиПромениМК: Во изминатиот период се соочивме со многу промени на временските услови, појави кои не се карактеристични за овој дел од годината. Како тие влијаат врз производството на гројзе, но и воопшто какви се влијанијата на климатските промени во вашиот сектор во изминатиот период, може ли да направите еден пресек на состојбите?
Балтовски: Релативно е како сезоната понатаму ќе се одвива кај нас во Македонија. Со овие огромни дождови што паднаа имаме среќа да се наполнат вештачките езера и акумулации коишто беа ужасно испразнети, за коишто за жал не се водеше ред и бевме на граница да имаме проблем со водоснабдување. Ова е голема среќа и злато за Македонија заради овие дождови што паднаа изминативе недела-две. Веќе се креираат услови за да можеме да бидеме сигурни дека ќе можеме да го наводнуваме овогодинешното производство, без разлика дали се работи за едногодишни или за повеќегодишни култури. Конкретно за мојот регион, дефинитивно зависиме од водата. Факт е дека во последните години имаме се помалку и помалку врнежи на снег, а тоа значи и помалку акумулација на вода во планините, што пак значи перманентен недостаток на вода во вештачките акумулации, доколку нема врнежи од дожд. И нивото на подземните извори се повеќе и повеќе се намалува. Во овој момент зависиме единствено од количината на дожд што паѓа или во пролет или во есен. Зимските снегови, пак, со години наназад се или намалени или воопшто ги нема.
КлиматскиПромениМК: Кои предизвиците треба да се надминат за да се гарантира опстанок на лозарството во Македонија и продолжување на винската култура и традиција?
Балтовски: Во иднина мораме да размислуваме за решавање на проблемот со водоснабдувањето. Еден од начините кој досега го користевме а тоа е наводнување по каналите треба да почнеме да го заменуваме со наводнување од бушотини коишто од друга страна ќе доведат до поскапена експлоатација на изворите, односно пумпените извори. Ова значи дека треба да го продолжиме концептот којшто го почнавме со UNDP и понатаму да продолжиме со користење на обновливи извори на енергија, од типот на фотоволтаици и бушотини и пумпи коишто ќе бидат напојувани од овие фотоволтаици. Од една страна и да го сочуваме делот на екологијата, односно еколошкото искористување на енергијата, а од друга страна и да обезбедиме доволни количини на вода за потребите на растенијата. Тоа е еден од приоритетите.
Друг приоритет за кој треба да размислуваме и во којшто треба да инвестираме е правење на план и програма за избор на сорти и култури коишто се погодни во Македонија, коишто можеме да ги произведуваме и со кои можеме да бидеме конкурентни на пазарите.
Втората многу важна точка за којашто треба да обрнеме внимание е изборот на сорти и култури коишто треба да се направат инвестиции и проекти, соодветно спрема регионот. Ова од причина што не секоја култура во секој регион дава најдобри резултати. Значи треба да избереме региони во Македонија коишто се соодветни за определени култури и веднаш да почнеме со промена на моменталниот состав и избор. Ако погледнеме во минатото, ова е комплетно променето. Во делот на овоштарството ако го видиме составот на сорти и во Росоман и во Ресен, од аспект и на праски и на јаболка, меѓутоа ако видиме и што се случува во делот на трпезното грозје, ќе видиме дека не повеќе од 15 до 20% одговараат асортимански на она што се бара моментално на пазарите надвор.
Ако не започнеме итно со реконструкција, односно со повторно садење на сорти, дефинитивно овој дел на овоштарството комплетно ќе замре. Ова од причина што тоа е асортиман кој ниту се бара, ниту може да помине на пазарите каде што го пласираме. Од една страна тоа е изборот на сортите, од друга страна е начин на одгледување и трета страна се пакувачки центри каде што ќе биде спакувано соодветно на пазарот каде што се испорачува.
Тие се:
Дури и утре да го започнеме целиот проект, до првиот успех ни се потребни четири години. Значи, садење, одгледување, пакување и прва берба. А добар успех дури после шест години. Ако не почнеме утре, тешко дека ќе имаме време да започнеме воопшто затоа што остануваме се повеќе и повеќе без луѓе во Македонија.
КлиматскиПромениМК: Какво е Вашето искуство со употреба на фотоволтаици? Дали е економски исплатливо и какви се придобивките за животната средина?
Балтовски: Фотоволтаиците дефинитивно имаат економска исплатливост, посебно со оглед на тоа што ние ги користиме заради пумпање на водата, а водата ни е потребна во летниот период, односно од мај до септември кога имаме практично и најголема сончева изолација. Меѓутоа, можеме да ги користиме и во текот на другите месеци за одржување на коморите, односно за одржување на температура во коморите каде што ги држиме производите. Еднаш поставени имаат вредност да траат и да даваат придонес и наредните 20, 30 години. Значи, тоа е нешто што дефинитивно се исплати да се направи.
КлиматскиПромениМК: Од аспект на винарија, односно на винарски сектор, дали со климатските промени чувствувате некакви разлики, од аспект и на квалитет на грозје и со сортите?
Балтовски: Она што е факт е дека во делот на производството на грозје екстремно зависиме од количината на дожд што паѓа во текот на годината, односно снег во текот на зимата. Со оглед на тоа дека се повеќе имаме намалување на врнежите од снег ние се повеќе имаме потреба во текот на летниот период да наводнуваме за да можеме да ја споиме површинската со подземната влага. За да може растението нормално да функционира во години кога немаме дождови, а тоа во Македонија е речиси нормално. Во текот на јули и август, па и во текот на септември имаме многу малку дождови, па имаме проблем да одржиме квалитетно произведување на грозје. Поради ова имаме проблем да одржиме квалитетно производство на грозје. За да може растението нормално да функционира треба да има доволна количина на влага. Ова од причина што и количината на шеќер што одговара во грозјето е поврзана со количината на вода што ја добива растението. Шеќерот е практично комбинација на вода и CO2 со фотосинтеза. Генерално има големо влијание што со тек на време е се поизразено и на некој начин треба да имаме можност и да знаеме на кој начин ќе го решаваме.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}