Улогата на индустријата во справувањето со климатските промени



Успешни политики се оние кои се креирани врз основа на податоци. Македонските стратешки документи се одличен пример за тоа. Добрата соработка на државните институции со научниот сектор ни дава јасни упатства кои се чекорите до развој без климатски промени и загадена животна средина. На 27 мај 2020г., се одржа работна средба (вебинар) на која се дискутираше улогата на индустријата во контекст на климатските промени и локалното загадување. Истата беше проследен од претставници од индустријата, како и од релевантните министерства. Од нив 35% беа мажи и 65% жени.





Студија: Учество на приватниот сектор во ублажување на климатските промени во Република Северна Македонија – Сектор индустрија


Др. Александар Дединец, научен соработник во Македонската Академија на Науките и Уметностите, презентираше сет од конкретни мерки и политики со кои ќе се намали интензитетот на потрошена енергија во индустриските капацитети во државата а со тоа и емисиите на стакленички гасови. 

Тој нагласи дека Македонската индустрија учествува со 10% во БДП, опфаќа 30% од вработените во Македонија но е енергетски интензивна т.е. троши многу енергија (околу 22% од финалната потрошувачка на енергија). Следствено, и емисиите на стакленички гасови од овој сектор се значителни 27% во 2018 година. Со намалување на потрошената енергија ќе се намали цената на производот и со тоа се зголемува конкурентноста на пазарот.

Главна цел на мерките и политиките предложени за дискусија е да се овозможи раст на индустриско производство при намалена потрошувачка на енергија, со што ќе се овозможи намалување и на стакленички гасови и на локалните емисии од овој сектор. Одреден e потенцијалот за ублажување на климатските промени при имплементацијата не само на секоја поединечна мерка туку и на сите мерки заедно, со што се овозможува намалување на потрошувачката на енергија од секторот Индустрија за 24% во 2040


Финална потрошувачка на енергија по индустриски гранки


Дискусијата со учесниците потврди дека предложените мерки се успешно идентификувани, а како особено ефикасна мерки беа препознаени воведување на ISO 50001 стандардот (таму каде што е можно) или спроведување на редовна енергетска контрола. Дополнително, присутните учесници потврдија и информираа за постоењето на комплементарни активности, поддршка и иницијативи поврзани со имплементација на стандардот и позитивните резултати од досегашни применети мерки. А со тоа се иницираа и потенцијални нови соработки и развој на можности за намалувањето на негативниот ефект врз животната средина кој оваа индустрија го има. 

Студија за индустрија - анализа на мерки и политики (СТУИНД) е подготвена во рамки на проектот „Четврт национален план и Трет Двогодишен извештај за климатски промени“ кој Министерството за животна средина и просторно планирање го спроведува со техничка и финансиска поддршка на UNDP и GEF. Истата беше презентирана од Др. Александар Дединец, научен соработник во Македонската Академија на Науките и Уметностите.


Снимката од вебинарот можете да ја проследите на овој линк https://youtu.be/Tp8UpRgOm14  



{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close