Вебинар - Колку технолошкиот развој и иновациите ги следат климатските промени



Изминатиов месец, и покрај ограничувањата кои ги наметна пандемијата, Министерството за животна средина и просторно планирање и UNDP беа многу активни на полето на климатските промени. Беа презентирани многу извештаи, анализи, заклучоци, препораки, на 13 вебинари, кои се доста амбициозни и ги даваат насоките според кои нашата држава може да се движи по ниско-јаглероден пат. Но, за да тоа движење во вистинска насока биде возможно, потребно е да биде поткрепено со соодветни технологии, развој и иновации.

Дали во нашата држава овие аспекти се движат во ист чекор со климатските промени, каква е тековната состојба и кои се потребите за градење капацитети за истражување, развој, иновации и трансфер на технологија поврзани со климатски промени, презентираше д-р. Валентина Гечевска на вебинар кој се одржи на 30 април 2020 г.

Проф. Д-р Гечевска истакна дека во моментот, климатските технологии се една од трите најголеми инвестиции на светско ниво и како такви се од исклучително актуелни во ова време на дигитализација и 4-та индустриска револуција. Во тој правец, развојот на климатските технологии на иднината во светот е исклучително интензивен и важен, но не секогаш со ист чекор стигнуваат кај нас. 

Тоа претставува голем предизвик за нашата држава, а можност да се одговори на овој предизвик претставува Механизмот за Трансфер на технологии (TT:Clear) на Рамковната Конвенција на ОН за климатски промени. Овој механизам е отворена можност која може да ја користи нашата држава, но потребно е да се номинира национална институција како претставник.

Придобивките од пристапувањето на државата кон TT: Clear механизмот се брза достапност и воведување на нови климатски технологии во енергетика, транспорт, индустрија, вода, воздух, земјоделие и други области од животната средина, кои не само што ќе и овозможат на државата да ги постигне своите амбициозни цели поврзани со климатски промени, туку ќе го олесни и пристапниот процес кон ЕУ.

Дополнително, г-а Гечевска ја објасни методологијата на идентификување на најсоодветните институциите од јавниот сектор, невладиниот и приватниот сектор, за номинација за официјален претставник кон TT:Clear механизмот, како и нивното оценување со цел да се идентификува најсоодветната. По оценувањето на перформансите на инстируциите според овие критериуми, како најсоодветна институција која би можела официјално да се номинира за овој механизам е предложен Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

Скоро 40 учесници на вебинарот (64% жени, 36% мажи) дискутираа околу резултатите и препораките од “Анализата на истражување, развој и иновации поврзани со климатски промени во државата”. Дискусијата се надоврза и на Европскиот зелен договор за климатски неутрален континент до 2050, чија имплементација е тесно поврзана со нови технологии и иновации. Заклучокот е дека дебата за климатски промени не е луксуз туку потреба, дека по пандемијата потребно е “зелено заздравување” во делот на економијата и силна климатска акција. Потребно е што поскоро да исчекориме напред како држава, и што поскоро да номинираме институција кон TT: Clear механизмот. А дали тоа треба да биде ФИТР, треба да се дискутира (за почеток) на дополнителен состанок меѓу Министерството за економија, Министерството за животна средина и просторно планирање, Кабинетот на вице премиерот за економски прашања и ФИТР. 

Вебинарот се одржа во рамките на проектот “Четврт национален план и Трет двогодишен извештај за климатски промени”, кој Министерството за животна средина и просторно планирање го спроведува со техничка и финансиска поддршка на UNDP и GEF.

Снимката можете да ја видите тука.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close