ВЕБИНАР: Иднина без климатски промени?



Најновите сценарија за ублажување на климатските промени, подготвени во рамките на проектот за подготовка на Четвртиот Национален план и Третиот Двогодишен извештај за климатски промени, кој Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) го спроведува со техничка и финансиска поддршка од УНДП и ГЕФ беа презентирани на вчерашниот вебинар.

На 27ми април (понеделник) 2020-та година се одржа вебинар на кој беа презентирани најновите сценарија за ублажување на климатските промени, некои повеќе, a некои помалку амбициозни. Истиот го следеа 62 учесници, половина од кои беа жени, а половина мажи.

Сценаријата за ублажување на климатските промени беа подготвени во рамките на проектот за подготовка на Четвртиот Национален план и Третиот Двогодишен извештај за климатски промени, кој Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) го спроведува со техничка и финансиска поддршка од УНДП и ГЕФ.

Анализите околу можностите на државата да ги намали емисиите на стакленички гасови се засновани на научни податоци и подготвени од стручен тим од академските институции: Истражувачки центар за енергетика и одржлив развој (ИЦЕОР) при МАНУ, Земјоделски институт, Факултет за земјоделски науки и храна и Шумарски факултет. Вебинарот го модерираше Наташа Марковска, главен технички советник на проектот.

Александар Дединец од МАНУ претстави три сценарија за ублажување на климатските промени, кои го прикажуваат патот за ублажување на климатската криза: сценарио со постоечки мерки (with existing measures - WEM), со дополнителни мерки (with additional measures - WAM) и најамбициозното сценарио (extended mitgation scenario - e-WEM). Самите сценарија се комбинација на детално анализирани 47 мерки и политики (32 во енергетскиот сектор, 11 во земјоделство, шумарство и промена на користење на земјиштето и 4 во секторот отпад). Повеќе од 60% од мерките се win-win, значи не само што придонесуваат кон намалување на емисиите на стакленички гасови,  туку се и финансиски исплатливи.


Резултатите укажуваат дека мерките од најамбициозното сценарио e-WAM, би резултирале со намалувања на стакленичките гасови во 2030-та година дури до 82%, во споредба со нивоата во 1990-тата.


Споредба на сценаријата за ублажување на климатските промени

Се укажа на тоа дека за реализација на ова  сценарио се потребни годишни инвестиции од околу 8,8% од БДП. Се разви интересна дискусија околу тоа дека ова може да се постигне само со поддршка како од владата, така и преку заедничка и блиска соработка помеѓу сите релевантни институции, приватниот и граѓанскиот сектор.

Нагласен беше и потенцијалот во отворањето на нови зелени работни места доколку предложените мерки и политики се имплементирани; до 2035-та година бројката на нови зелени работни места во различни сектори би достигнала до речиси 10.000.

 

Возбудлива дискусија беше развиена и околу индикаторите за следење на имплементацијата и успешност на мерките, како и кон која од конкретните цели за одржлив развој (SGDs) директно или индиректно придонесуваат.

Целиот вебинар може да го проследите на овој линк. Презентираните сценарија ќе бидат дел од Третиот Двогодишен извештај за климатски промени.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close