Реквием за гребенот

Од Џон Танзер, раководител за океани, WWF International


Може ли човештвото да го сопре исчезнувањето на најголемиот, најсложениот жив екосистем на планетата?

Со оглед на неверојатно големиот данок што го зема пандемијата на коронавирусот низ целиот свет, разбирливо е да кажеме „не сега“ на уште една лоша вест. Имајќи убиец на прагот, маките на еден екосистем оддалечен половина свет не се на списокот работи за кои треба да се грижиме. Разбирам. На сите што ги изгубија најблиските од КОВИД-19 им изразувам најдлабоко сочувство; здравствените работници ширум светот ја имаат мојата благодарност и почит; невработените мојата солидарност. Човековата генијалност, сочувство и дарежливост ќе ни помогнат да ја пребродиме оваа криза.

Кога најлошото ќе си замине, се надевам ќе ни остане сегашното чувство на заедничка цел. Токму духовната состојба „сите сме заедно во овакоја инспирира голема иновација и голема жртва е тоа што ни треба за да го победиме другиот заеднички непријател: климатските промени.

Март и април 2020 година донесоа вести за третото големо избелување на Големиот корален гребен во последните пет години. Белеењето се јавува кога коралите се загрозени од високите температури на водата. Претходните големи белеења беа забележани во 2016 и 2017 година. Сепак, алармите се вклучија во 1998 и 2002 година кога такви белеења се случија за првпат. Сите вакви настани заедно уништија 60% од коралите.

Се разбира, не се само коралите оштетени во овие настани. Тие го примаат првиот удар, но штом ќе умрат, сите зависни животни форми што се силно врзани во извонредно комплексна и динамична рамнотежа се ранливи и честопати исчезнуваат. Големиот корален гребен е, всушност, огромен збир од корални гребени, атоли, острови, мангрови и морски треви. Околу 1.625 видови риби пливаат меѓу повеќе од 450 видови тврди корали. Широк спектар животни зависат од овие 3.000 разновидни корални гребени, вклучително и една од најважните светски популации на дугонг и шест од седумте видови  морски желки во светот.

Големиот корален гребен - здрав гребен - исто така носи околу 6 милијарди американски долари годишно во економијата на Австралија и поддржува повеќе од 65.000 работни места. Многу мои пријатели и соседи во Северен Квинсленд се издржуваат од гребенот. И покрај тоа што таму, каде што пораснав, гребенот ни е познат и постојано присутен, ветувањето за авантура и откритија никогаш не згасна. Засекогаш ќе се сеќавам како тргнувавме од брегот на полноќ, како спијам во стабилниот ритам на дизел-моторот брз околу 6 јазли и на возбудата при пристигнувањето до калеидоскопот од бои што постојно се менуваат на гребенот додека изгрева сонцето. Секогаш беше како првпат.

Затоа природно е што ме боли кога го гледам брзото пропаѓање на гребенот последниве години. Тоа ме прави и тажен и лут затоа што штетата одамна е предвидена и решенијата се познати, но се игнорираат. А моите фрустрации се сигурно само трошка од тоа што го  чувствуваат вековните сопственици: морските народи од Торескиот Теснец и крајбрежјето на Квинсленд, кои илјадници години опстануваат од гребенот и се заштитени од него, и кои немаат никаков удел во предизвикувањето на штетата.

Без оглед дали ја гледате штетата од крајбрежјето на вашата заедница или читате е-пошта во научната и конзерваторската заедница, реакцијата е чувство на страв. Видливото белеење на вообичаено живописните корални гребени ја потенцира често скриената штета што ја има насекаде низ океанот. Се верува дека коралните гребени се од значење за скапоцени 25% од целиот живот во океанот. Тешко е да се сфати таа бројка и да се процени целосната важност на гребените за функционирањето на океанот - но секако е голема.

А белеењето влијае на коралните гребени низ целиот свет. Коралните гребени можат да бидат и продуктивни и отпорни, но кај сложените креации секогаш постои некој парадокс, па така и тие имаат слаба точка – ранливи се на брзото зголемување на температурите што природата не може да ги амортизира.


Науката ни кажува дека дури и со планираната цел за одржување на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови, многу корални гребени во светот ќе настрадаат преку белеење. Во повеќето места каде што има огромни корални гребени, здравјето, храната и егзистенцијата на многу милиони луѓе зависат од добросотојбата на гребените. Многу од нив се меѓу најранливите заедници во светот. Тоа е уште еден  груб потсетник дека човековата состојба не може да се одвои од здравјето на планетата. Значи, природната загуба поврзана со огромното оштетување на коралните гребени е, всушност, брзо ескалирачка криза на човекот. Емисиите на стакленички гасови му отежнуваат на океанот да складира кислород и постепено да го ослободува - услуга од која сите зависиме. Исто така, тие предизвикуваат рибите да се оддалечуваат од тропските предели, каде што се толку важен елемент за безбедност на храната и за опстанок на земјите во развој. Со зголемувањето на температурата на водата штетните бури стануваат сè поинтензивни. Поради стакленичките гасови океанот е покисел, со што се отежнува калцификацијата кај коралите, мекотелите и некои планктони да формираат скелети – тоа никако не е добро за синџирот на исхрана во кој човекот вообичаено е последната алка.

Мојот сакан Голем корален гребен претрпе неколку поразителни удари. Неговата иднина е далеку од сигурна. Но, други гребени на други места покажуваат надежни знаци на отпорност и приспособување во затоплените и закиселени води на океанот. Тие може да послужат како „семенски материјал“ за обнова на гребените во следните децении – доколку можеме да спречиме климатските промени да ни избегаат од контрола.

WWF и партнерите се во спасувачка мисија, здружени со заедниците и владите на местата каде што се наоѓаат овие отпорни гребени, за да ги намалат локалните притисоци од загадувањето и прекумерниот риболов. Заедниците на првата линија на фронтот мора да добијат поддршка за да ги заштитат гребените што преживеале, за коралните гребени повторно да напредуваат и во поголем дел да се вратат во состојбата пред појавата на настаните со белеење.

Дури и среде глобална здравствена криза не треба да дозволиме брзото пропаѓање на Големиот корален гребен - икона на природата, заштитник, хранител, извор на чуда - да се случува без да размислиме за што тоа значи за океанот, а секако и за планетата. Милиони луѓе низ целиот свет денес размислуваат како да ја претворат загубата во завет и научени лекции. Ние мора да го следиме нивниот храбар пример и да смогнеме сила од тагата. Мора да се збоднеме во акција за да ги сопреме климатските промени и да ги заштитиме преживеаните отпорни гребени, за еден ден тие да ни помогнат да го обновиме океанот за да напредува.


Извор: https://bit.ly/2xGQc9c

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close