Презентација на Методологија за приоретизација на климатски акции

Вебинар


Вебинарот за презентација на Методологијата за приоретизација на климатски акции кој се одржа на 7ми април 2020г. го следеа 50 учесници, од кои 61% беа жени, а 39% мажи. Методологијата за приоретизација на климатски акции се изработи во рамките на проектот за подготовка на Четвртиот Национален план и Третиот Двогодишен извештај за климатски промени, кој Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) го спроведува со техничка и финансиска поддршка од УНДП и ГЕФ.

Првично модераторот на вебинарот, Павлина Здравева, даде воведни информации за искуствата и предизвиците со кои различните сектори се имаат сретнато до сега во насока на приоретизирање на своите акции, активности и проекти. Таа објасни дека во рамки на многу сектори релевантни во донесувањето на климатски политики се имаат направено приоретизации, но сепак потребата за меѓу-секторска приоретизација била воочлива, со што ја објасни потребата и значајноста на изработената Методологија. 

Методологијата за приоретизација на климатски акции е изработена и беше презентирана од страна на д-р. Наташа Марковска, главен технички советник на проектот и научен соработник во Истражувачкиот центар за енергетика и одржлив развој (ИЦЕОР) при МАНУ. Документот претставува партиципативна методологија за приоретизација на климатски акции и преглед на различни перспективи на засегнатите страни во однос на критериумите што треба да се земат во предвид, нивното ниво на важност и специфично рангирање во однос на дадениот критериум. Методологијата која беше презентирана е од општа природа - применлива за приоретизирање на даден пакет проекти од која било област: ублажување на климатските промени, адаптација на климатските промени, или комбинација на две или повеќе области, т.н. меѓусекторски приоритети. Исто така, беше укажано дека истата може да се примени и за проекти на локално и на национално ниво. Крајниот резултат е приоритетен список на проекти генерирани на партиципативен начин.

Д-р. Марковска најпрвин говореше за потребната анализа на чинителите кои би биле вклучени во приоретизирањето на одредени проекти и акции, како и за важноста на спремноста, знаењето и вештините на потенцијалниот модератор кој би ја водел и фасилитирал работилницата за приоретизација. Потоа, презентиран беше процесот на партиципативен избор на критериуми за приоретизација и поставување вредности за истите од страна на чинителите, со посебен акцент ставено на потребната употреба на веќе постоечките конкретни критериуми доколку станува збор за критериуми поставени од финансиерот на проектот/ите и акцијата/иите кои се приоретизираат.


Акцентирана беше и потребата од едноставен и неоптоварен процес на приоретизација заради значајно вклучување на чинителите. Презентиран беше и предлог процесот за определување на тежински фактор кој е потребен во процесот на приоретизација, како и потребата за и начинот на евалуација на одговорите на чинителите.

По презентацијата следеше продуктивна и интересна дискусија и коментари од учесниците во врска со потребата за општи познавања, одреден степен на експертиза и/или влијание на донесувачите на одлуки од страна на чинителите вклучени во процесот на приоретизацијата. Д-р. Марковска напомена дека на работилницата за приоретизација е потребно да и претходат едукативни работилници: општо и конкретно во контекст на државата, локалните или секторските потреби и сл., во зависност од нивото на кое се спроведува приоретизацијата. Исто така, таа ја нагласи важноста на познавањето на конкретниот контекст во кој се спроведува приоретизацијата, и од страна на чинителите, но и од страна на модераторот, во процесот на одбирањето на критериумите за приоретизација: “Критериумите треба да бидат контекстно зависни. Несомнено, на приоретизација и претходи едукација.”

Од страна на учесниците беа дадени предлози за подготовка на водич за употреба на методологијата од страна на институциите, а напоменети беа и потенцијални онлајн алатки за фасилитирање на партиципативното одлучување и приоретизација.

Нагласена беше важноста на вклучување на бројни чинители во процесот: “колку повеќе чинители се дел од процесот, толку подобро,” напомена д-р. Марковска. “Особено од голема важност е вклученоста на чинители кои се најмногу засегнати од мерките кои треба да бидат приоретизирани.”

Презентирана и дискутирана беше и примената на методологијата за приоретизација во секторот транспорт.

Целиот вебинар може да го проследите на овој линк.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close