Станбениот простор е важен дел од квалитетот на нашиот живот. Во денешно време, исклучително важен критериум при неговото креирање е да се постигне што пониско ниво на потрошувачка на енергија заедно со минимизирање на можните загуби, односно стремеж кон пасивна куќа со нулта потрошувачка кон енергија. Во тој контекст, нашето семејство направи исчекор кон пасивна куќа при обновувањето на старата викенд куќа изградена од нашите родители, пред четириесетина години. Притоа, резултатите дадоа придобивки од енергетски, еколошки и економски аспект. Активностите кои беа применети може да се категоризираат во поединечни мерки од концептот на т.н. пасивна куќа, а резултатите кои беа добиени претставуваат климатска акција, како скромен поединечен придонес кон мерките за справување со климатските промени. Во продолжение е даден кус преглед на применетите активности. На надворешните ѕидови беше поставена комплетна термоизолација запазувајки ги правилата за конструктивни решенија на топлински мостови, замена на прозорците и влезната врата, со што се обезбеди комплетна енергетски ефикасна фасада, со минимални топлински загуби. Од една страна, проблемите со штети од замрзувања во зимските месеци бидејки куќата е на планина, веќе се минато, а од друга страна, значително се намали потрошувачката на енергија за загревање. Се примени решение за вклучување на обновливи извори за сопствено производство на дел од потребната електрична енергија. Инсталиран е фотоволтаичен панел од 200 Wp на покривот со инвертор и акумулаторска единица во куќата, со чие производтво се покрива потребата за електрична енергија на малите потрошувачи во куќата, како осветлувањето, кое се замени со енергетски ефикасно, и дел од електричните уреди. Со тоа се намали потрошувачката на електична енергија од електричната мрежа. Поставен е сончев колектор, со што потребите за санитарна топла вода во куќата се задоволуваат со супституирање на потрошувачката на електрична енергија, со енергија од сонцето. Со превземените активности се обезбеди: • енергетска ефикасност, преку намалување на потрошувачката на електрична енергија; • еколошка ефикасност, преку искористување на обновливи ресурси; • економска ефикасност преку намалување на трошоците; како и • општествена придобивка од оваа климатска акција преку индивидуалниот придонес кон заштита на животната средина со намалување на емисиите на СО2, како резултат на намалената потреба од електрична енергија.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}