ЕКО КАЛЕНДАРОТ претставува патоказ на компаниите ГИМ и ИЕГЕ кон остварување на целите за одржлив развој базиран на принципот на претпазливост и превенција. Активностите како селектирање на отпад, поттикнување на користење на велосипед како одржливо превозно сретство, штедење на енергија и искористување на потенцијалот од обновливи извори на енергија итн им овозможува на поединците да бидат едуцирани како можат да дадат придонес преку сопствени дела, односно да остваруваат придобивки, но истовремено и да даваат придонес во подобрување на состојбата со животната средина, социјалните услови и подобар имиџ на компанијата. Што е најбитно, активностите од ЕКО КАЛЕНДАРОТ придонесуваат кон намалување на емисиите на стакленички гасови, а со тоа помагаат за редуцирање на климатските промени.
Во 2017 година започнавме со проект ГИМ-НАЈЕКОЛОШКА КОМПАНИЈА (фирма со успешна примена на ISO 14001 и придонес кон зачувување на животната средина) за што и бевме два пати наградени:
1. НАЈЕКОЛОШКА КОМПАНИЈА (фирма со успешна примена на ISO 14001 и придонес кон зачувување на животната средина- доделена од Град Скопје
2. НАЦИОНАЛНА НАГРАДА ВО 2017 ГОДИНА за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатија за однос кон животната средина- доделена од Министерство за Економија -Бизнис конфедерација на Македонија преку проектот „ООП за сите“ ко-финансиран од ЕУ.
Нашата цел е да станеме во целост одржлива компанија. Ова значи да функционираме согласно еколошкиот капацитет, почитувајќи ја животната средина и допринесувајќи за развојот на компанијата во која секој има можност за напредување. Секојдневно се стремиме кон решенија за подобро искористување на енергијата и водата. Градежен Институт Македонија -ГИМ во соработка со Научниот институт за истражување во животна средина, градежништво и енергетика – ИЕГЕ има тенденција на зголемување на енергетската ефикасност, соодветно управување со отпадот и водата како и подигање на еколошката свест околу одржливиот развој и климатските промени.
За таа цел во ГИМ и ИЕГЕ започнаа да се одвиваат акции како дел од т.н. ЕКО КАЛЕНДАР, меѓу кои се:
Подаруваме садливи цвеќиња во рециклирани саксии за сите вработени од женскиот пол за 8-ми март;
Поставување на нови канти за селектирање на отпад,изработени од рециклирани материјали;
Планирање на набавки и внимателна селекција на суровини кои се одржливи и контролирано рециклирање на отпад кои придонесува за намалување на трошоците и зголемување на конкурентноста;
Секоја од овие акции има позитивно влијание на климата, а со тоа стануваме дел од промената која сакаме да ја видиме.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}