Национални придонеси

кон климатските промени


Според Договорот од Париз, кој беше потпишан во април 2016 година, државите потписнички на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени, се согласуваат да обезбедат информации за нивните национално-определени придонеси за целите на договорот: одржување на зголемување на глобалната просечна температура под 2 ° C над прединдустриските нивоа, настојувајќи да го ограничат зголемувањето до 1,5 ° C. Република Македонија ги достави своите соодветни национални придонеси во август 2015 година.

Ревидиран национален утврден придонес кон Парискиот договор


Ревидиран национален утврден придонес

Ревидираниот национален утврден придонес  (Ревидираниот NDC) е подготвен во рамките на иницијативата Climate Promise, со подршка на УНДП.  Ревидираниот NDC има поамбициозни цели за ублажување кои се базираат на потенцијалот за ублажување и на енергетскиот и на останатите сектори (отпад, земјоделство, шумарство) и разгледува области како: вклучување на приватниот сектор, врските со Целите на одржлив развој, родовиот аспект како и дополнителни придобивки.



ПАТОКАЗ за спроведување на Ревидираниот NDC

Инфографик МКД|АЛБ



Подолу можете да ги најдете аналитичките документи релевантни на Македонскиот Ревидиран национален утврден придонес кон климатските промени:


Трет двогодишен извештај за климатски промени на Република Македонија

Стратегија за развој на енергетиката во Република Северна Македонија до 2040 година 

Социоекономска проценка, вклучувајќи проценка на влијанието на КОВИД-19 

Уделот на приватниот сектор во напорите за справување со климатски промени - Студија на случај: Сектор индустрија

Еколошко ладење - проценка на потенцијалот за климатско - поволни решенија за ладење

Документ за политиките за „Еколошко ладење“ проценка на потенцијалните климатски - поволни решенија за ладење 



Следните документи се достапни само на англиски јазик:

Технички документ

Стратегија за финансирање на националниот придонес за климатски промени

Намалување на ризици поврзани со обновливи извори на енергија

Намалување на ризици поврзани со енергетика, транспорт, отпад, земјоделие, шумарство и промена на користење на земјиштето

Патоказ за воведување данок на јаглерод 
и релевантна техничка анализа

Патоказ за циркуларна економија за ублажување на емисиите на стакленичките гасови во секторот отпад

Проценка на административните капацитети

Синергии на NDC - SDG во условите на Северна Македонија

 Вклучување на младите во Ревидираниот НДЦ 

Родови индикатори за климатските промени во Република Северна Македонија

Комуникациска стратегиjа / Акциски план


Национални придонеси кон климатски промени


Република Македонија го потпиша Парискиот договор во 2015 г. и на 7 ноември 2017 го ратификуваше без ниту еден глас против. Во согласност со Парискиот договор, земјата ги достави соодветните национални придонеси за климатските промени (INDC) како дваесет и трета земја во светот, според Одлуката на Владата бр. 42-17/91 од 28 јули 2015 година.​
Министерството за животната средина и просторно планирање е назначено за националнo тело за контакт за Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (UNFCCC) и е назначен национален орган за спроведување на Протоколот од Кјото. Други министерства кои имаат одговорности во однос на климатските промени се Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за економија, Министерството за транспорт и врски, Министерството за здравство и Министерството за финансии. Канцеларијата на заменик-премиерот за економски прашања е одговорна за постигнување на целите за одржлив развој и исто така е национален назначен субјект за Зелениот климатски фонд. Канцеларијата на заменик-премиерот за економски прашања исто така го поддржува спроведувањето на проектите во земјата кои се поврзани со клима и енергија.

Национални придонеси кон климатски промени

Динамичен инфографик

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close