Организирање настани и тренинзи со колку што е можно помал јаглероден отпечаток

Организирање настани и тренинзи со колку што е можно помал јаглероден отпечаток



Како тренер и едукатор кој има поминато речиси деценија во сферата на климатската, социјалната и економската правда, имам организирано и учествувано на многу настани и тренинзи поврзани со клима, енергија, социјална економија, управување со општествени ресурси, и др.; во државата и надвор од неа. Секогаш кога сум била дел од организацискиот тим, сум пробала да дадам личен придонес во врска со тоа како овие настани да бидат со мал јаглероден отпечаток. Освен намалувањето на емисиите кој тој настан би ги предизвикал сам по себе, идејата за организирање на поодржливи настани е секогаш и презентирањето на тоа како може секој од нас (индивидуално) да направи мали промени во своето секојдневие кои би требало да се само почеток и поттик за поголеми (колективни) акции со многу поголемо позитивно влијание. Тоа може да биде доста комплицирано, имајќи во предвид дека менувањето на животните навики само по себе нема да ги адресира вистинските причинители на климатскиот, еколошкиот и социјалниот колапс во кој се наоѓаме денеска, дури и да живееш јаглеродно неутрален живот, што реално, не е возможно во моменталниот социо-економски систем.


Што значи тоа?

Како што сите веќе знаеме, за да останеме под 1.5 степени Целзиусови затоплување на глобално ниво, потребни се системски промени од досега невидени размери: од енормни промени во социо-економскиот систем, начинот на добивање енергија, храна, облека, патување, забава, па се’ до начинот на однесување и грижата кон природата и меѓусебните односи, насекаде низ светот. Како индивидуа, сами, во текот на еден живот никогаш нема да направиме доволно за да придонесеме кон значајните позитивни општествени промени кои ни се очајно потребни - таквите се случуваат само преку здружена, колективна акција. 

Организирање настани

Во текот на својата кариера сум била дел од организациски тимови за различни видови на настани: од мали, интимни собири и состаноци за околу 10 луѓе, до големи конференции и летни кампови за повеќе од 400 луѓе. Многу од овие настани биле од доста различен вид, не само според нивната големина, но и според нивната содржина и важност и очекувани резултати. Она што секогаш било заедничко за сите нив, е заложбата за колку што е возможно помал јаглероден отпечаток на настанот. Организациски аспекти за тоа како го имаме постигнувано тоа се следниве:

  • Начин на состанување за подготовка на агендата и логистиката околу настанот

Кога организацискиот тим е меѓународен, наместо земање летови за состанување во живо при планирање на настанот, одржуваме редовни дигитални состаноци користејќи онлајн платформа. На тој начин, јаглеродниот отпечаток од користење на електична енергија за полнење на батеријата на уредот кој секој од нас го користи за состанокот (лаптоп/ телефон) е неспоредливо помал од јаглеродниот отпечаток од емисиите кои би биле испуштени при честото патување со авион.
Кога организацискиот тим е локален, ваквите состаноци ги оддржуваме во живо; на работно место, во мал локал (за поддршка на малите локални претприемачи!), или во комфортот на домот на некој од организацискиот тим - до каде што секој од нас би можел/а да стигне пешки, со велосипед или со јавен превоз. Со состанувањето во живо, ја намалуваме потрошувачката на електрична енергија за дигитални уреди кои инаку би ги користеле, и истовремено градиме помоќни работни и пријателски врски во времето кое го поминуваме заедно.

Логистиката на настанот ја планираме на тој начин што кога ги известуваме сите учесници во врска со агендата и споделените материјали (секогаш во зависност од настанот), ја користиме приликата да ги известиме сите да носат свои чаши за кафе/сок, и реупотребливи/ стаклени/ без БПА шишиња за вода кои тие би ги користеле за време на настанот, наместо користење на опасна, непотребна пластика.

Материјалите за настанот кои се со подолга содржина наместо да ги принтаме во голем број копии, ги испраќаме до учесниците пред и после настанот по електронски пат за нивно разгледување.

  • Начин на патување до местото на одржување на настанот

Освен нашиот веќе проверен начин на стигнување до местото на настанот како организациски тим: пешки, со велосипед или со јавен превоз, имаме правило каде покривањето на патните трошоци на учесниците и организацискиот тим го извршуваме само доколку е користен јавен превоз за да се стигне до градот и местото на одржување на настанот. Ова е со надеж дека се’ повеќе даваме поттик за намалување на инаку доста поголеми емисии од приватен превоз со автомобил и/или користење на такси. 

  • Храна и пијалоци кои се служат за време на настанот

Локална, сезонска и органска вегетеријанска и веганска храна која е завиткана во хартија (наместо пластика) е секогаш приоритет; и поради тоа што е многу поздрава од било која друга храна, но и затоа што има многу помал јаглероден отпечаток од на пример: несезонска храна која е увезена од другиот крај на светот, која е растена во сомнителни услови, која е можеби генетски модифицирана, која е потенцијално поврзана со експлоатација и кршење на суверенитетот и правата на локални фармери и/или домородни заедници, а е во интерес на големи корпорации кои се поврзани со производство на храна.

Во таа насока, приоритет е и поддржување на мали локални готвачи и претприемачи кои со голема грижа и љубов ја припремаат локалната, сезонска и органска вегетеријанска и веганска храна која ја послужуваат на настанот, и кои се гордеат со својата работа.

Пијалоците исто така инсистираме да бидат од локални произведители и добавувачи, со фокус на оние кои се спакувани во пакети кои може потоа лесно да бидат рециклирани или повторно употребени. 

  • Начин на чистење после настанот

Собирањето на отпад после настанот е колективна активност која завршува со рециклирање на најголемиот дел од направениот отпад. Преостанатата храна никогаш не се фрла - ја донираме на оние на кои им е најпотребна.




Симона Гетова, едукатор и консултант

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close