Денес, 15 иновативни проекти од целиот свет беа објавени како победници на Глобалната награда за климатска акција на Обединетите нации за 2019 година(https://bit.ly/2wORgmC). Овие проекти се некои од најдобрите и најпаметните решенија за климатските промени во светот, предводени од заедници, влади, бизниси и организации.
Наградените проекти се движат од мини програма во апликација која помага во засадување на над 122 милиони дрвја, до „климатски позитивен“ бургер кој е сѐ попопуларен во индустријата за брза храна, до иновативна технологија која произведува чиста електрична енергија од океанот.
„Најавени помеѓу нациите што ја сигнализираат нивната повторна решеност да ги исполнат целите на Договорот од Париз, овие награди фрлаат светлина на 15 неверојатни примери на скалабилна климатска акција низ целиот свет“ вели Никлас Свенингсен, менаџер на Програмата за глобална климатска акција за климатски промени на ООН.
Денешното соопштение е дел од поширокиот напор да се иницира акција и амбиција, додека националните влади работат кон имплементација на Договорот од Париз за климатски промени и Целите за одржлив развој.
Наградата за глобална климатска акција на ООН е предводена од иницијативата Момент за промени во Секретаријатот на ООН за климатски промени.
Добитници на наградата за глобална климатска акција на ООН за 2019 година се:
Планетарно здравје
Невозможна храна: Креирање растителни алтернативи за месо | Сингапур, Хонг Конг, САД, Макао: ’Невозможна храна‘создава реални растителни производи како замена за месни производи. Овие алтернативи се поодржливи и помагаат да се замени побарувачката на пазарот за месни производи.
Алипеј Ант Форест: Користење на дигитални технологии за зголемување на климатската акција | Кина: ’Алипеј’, една од светски најпопуларните платформи за плаќање преку интернет и начин на живот, ја искористи моќта на својата дигитална технологија за да засади повќе од 122 милиони дрвја, охрабрувајќи ги своите корисници да ги намалат нивните емисии, на пример да користат велосипед до работа, да не користат хартија и да купуваат одржливи производи.
Гент ен Гард: Креирање структурни промени преку локална политика за храна | Белгија: Гент, мал град во северозападна Белгија, беше еден од првите европски градови кој започна сопствена политика за урбана храна. Политиката го покажува потенцијалот за трансформација на системите за храна на локално урбано ниво.
Електричари без граници: Обезбедување „џебови за итни случаи“ на сончева енергија во Доминика | Доминика: После ураганот Марија во 2017 година во Доминика, ’Електричари без граници‘ изложија решение дизајнирано да користи обновлива енергија за да обезбеди „џеб за итни случаи“ на електрична енергија – снабдувајќи шест здравствени центри на островот со електрична енергија после природна непогода.
Макс Бургерс: Креирање на првото светско „климатски позитивно“ мени | Шведска, Норвешка, Данска и Полска: Шведскиот ланец на ресторани, ’Макс Бургерс‘, го промовира првото „климатски позитивно“ мени во светот во јуни 2018 година. Секој производ на менито на ’Макс Бургерс‘ содржи CO2e етикета, овозможувајќи им на потрошувачите подобро да го разберат влијанието на нивниот оброк врз климата.
Јаглеродно неутралната програма на Натура | Глобално: Како најголем производител на козметика во Бразил, ’Натура‘ ги мери и ги намалува емисиите во својот ланец на вредности, од екстракција на суровини, па се до нивно произвотство и дистрибуција.
Мисијата на Епл за намалување на емисиите | Глобално: ’Епл‘ има мисија да ги произведува своите производи без да зема од Земјата. Компанијата се префрли на 100% обновлива енергија во однос на електричната енергија што ја користи во своите канцеларии, продавници за малопродажба и центри за податоци во 43 земји низ целиот свет, а во моментов го префрла целиот ланец за снабдување на 100% обновлива енергија.
Патувањето на Инфосис до јаглеродна неутралност | Индија: ’Инфосис‘, втората по големина индиска компанија за информатичка технологија, е една од првите компании од ваков вид која се обврза на јаглеродна неутралност. Со над 229,000 вработени и клиенти во 46 земји, ’Инфосис‘ настојува да го реши својот значаен јаглероден отпечаток во сите аспекти на нејзиното глобално работење.
Акцијата на младите жени за климатските промени | Субсахарска Африка: Кампањата за едукација на жените значеше револуционерна иницијатива за обучување на младите жени од сиромашните, маргинализирани земјоделски заедници во субсахарска Африка.
Фронт на мајки: Мобилизирање за функционална клима | САД: ’Фронт на мајки‘ е движење од над 24.000 мајки во Соединетите американски држави,кои работат за да ги заштитат нивните деца и заедници од влијанијата на климатските промени.
Акција на жените за климатската отпорност за урбаните сиромашни луѓе во јужна Азија | Бангладеш, Индија и Непал: Индиската невладина организација ’Mahila Housing Sewa Trust‘, има мисија да ги организира и зајакне жените во домаќинствата со ниски приходи да ја зголемат својата отпорност на влијанијата од климатските промени.
Еко Вејв Пауер: Генерирање чиста енергија од океанот | Израел и Гибралтар: ’Еко Вејв Пауер‘ развија иновативна технологија која произведува чиста електрична енергија од океанските и морските бранови. Компанијата е пионер во својот сектор управувајќи ги единствените пловни стореви на бранова енергија поврзани во мрежа во светот и делува во согласност со Договорот за набавка на електрична енергија.
Над мрежниот фонд за Замбија | Замбија: ’Над мрежниот фонд за Замбија‘ работи со владата на Замбија и други засегнати страни за да изгради поуредно опкружување погодно за работа.
Иновативни финансиски инструменти ’Women’s Livelihood Bond Series‘ | Глобално: Компанијата ’Impact Investment Exchange‘ одделува капитал во вредност 150 милиони американски долари преку инструментот ’Women’s Livelihood Bond Series‘, што ќе зајакне повеќе од два милиони жени во јужна и југоисточна Азија. Тој им помага на жените да имаат пристап до пристапен кредит, микро заштеди и осигурување, да започнат со земјоделие, како и чиста и пристапна енергија.
Програма за меѓународна соработка за климата на Квебек I Канада: Во 2016 година, канадската провинција Квебек ја воведе својата Програма за меѓународна соработка за климата обезбедувајќи финансирање за климата и поддршка на земјите во развој. Таа е една од првите субнационални програми за финансирање на климата и единствена која се финансира од сопствениот пазар на јаглерод во провинцијата.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}