Зајакнување на институционалните и технички капацитети за подобрување на транспарентноста за климатски промени во рамките на Договорот од Париз

Воведна работилница на проектот, 19 септември 2019 година


Воведната работилница за проектот се одржа на 17 септември 2019 година со учество на 58 релевантни засегнати страни од 22 институции, од кои 75 % жени.

На работилницата присуствуваа претставници од Министерството за животната средина и просторно планирање, други релевантни министерства и сектори, од Државниот завод за статистика, членови на Националниот комитет за климатски промени, граѓански организации, приватен сектор и академски претставници.

Целта на работилницата беше да:

  • се претстави опфатот, целите и активностите на проектот;
  • главните засегнати страни да ја слушнат и потврдат стратегијата на проектот, како и да се разгледаат промените во генералниот контекст кој може да влијаат врз стратегијата и спроведувањето на проектот.

На почетокот на работилницата, учесниците ги поздрави заменикот министер за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, кој одржа посветен говор за важноста на климатските акции и за потребата од владино лидерство во оваа област.  Заменик министерот Макрадули ја истакна важноста на проектот кој претставува продолжување на соработката меѓу Министерството и УНДП, и е важен дел од севкупната поддршка која УНДП ѝ ја обезбедува на земјата со цел да ги исполни обврските кон УНФЦЦЦ.



На присутните се обрати и постојаниот претставник на УНДП, Нарине Сахакјан. Г-ѓа Сахакјан зборуваше за климатските промени во поширок контекст, нагласувајќи дека УНДП посветено работи собирањето податоци и известувањето кое до сега се вршеше во рамки на проекти да премине во постојан процес и одличната соработка со Министерството за животната средина и просторно планирање да продолжи.


Меѓународната консултантантка Сузан Легро, модерираше кратка воведна сесија со употреба на иновативна интернет платформа, која му овозможи на тимот да го провери знаењето на учесниците за обврските на државата согласно Парискиот договор, како и да го оцени знаењето и изворите на информации за климатски промени кои присутните ги користат.  Учесниците на работилницата се најавија на интернет-платформата преку своите телефони со цел да одговорат на две квиз прашања и две анкетни прашања.

Првото од двете анкетни прашања покажа дека најмногу учесници се лица кои на своето работно место работат на климатските промени како една од неколку области на кои работи (29 од 44 испитаници), додека второто анкетно прашање покажа дека најчест извор на информации за климатските промени „генерално е интернетот“ (19 од 45), по што следува националната интернет-страница за климатските промени www.klimatskipromeni.mk (9 од 45).

Резултати од првото анкетно прашање


Резултати од второто анкетно прашање


Првата сесија на воведната работилница продолжи со четири насочени презентации поврзани со проектот CBIT:

  • Теодора Обрадовиќ Грнчаровска, државен советник од Министерството за животната средина и просторно планирање и лице за контакт за УНФЦЦЦ ги претстави обврските на државата кон УНФЦЦЦ и Пакетот на ЕУ за клима и енергија, а ги претстави и останатите релевантни тековни и планирани активности поврзани со климатските промени на национално ниво.
  • Сузан Легро, меѓународната консултантка, одржа кратка презентација со наслов „Што е CBIT“, со која го престави процесот на известување за климатските промени од страна на државите во развој кој се страни на Конвенцијата, го претстави Парискиот правилник и неговите импликации врз известувањето (особено промената од Двогодишните извештаи за климатските промени во Двогодишни извештаи за транспарентноста или BTRs), и ги опиша глобалните иницијативи за поддршка на известувањето на државите, особено во рамките на идната Глобална Платформа на УНЕП-ОН за животна средина за фаза II од CBIT.
  • Павлина Здравева, проектен менаџер од УНДП за CBIT проектот, го претстави проектот и планираните резултати и активности.
  • Ангелина Јовановиќ од Министерството за животната средина и просторно планирање го претстави националниот интернет портал на кој се објавуваат информации за климатските промени

Во втората сесија беа презентирани подетални информации за системите за мониторинг, известување и верификација /транспарентност како и за други прашања кои се важни за проектните активности, како на пример родовите прашања.


    • Павлина Здравева, проектниот менаџер на CBIT проектот од УНДП одржа презентација на тема „Цврстата институционална поставеност - клуч за подобра транспарентност“, по која следеше интерактивна вежба осмислена од неа со цел да се илустрира „организираниот хаос“ при размена на податоци во системите за мониторинг, известување и верификација (види Прилог 7). Неколку учесници истакнаа дека се изненадиле кога виделе колку многу субјекти се вклучени во известувањето на информации од еден под-сектор.  Вежбата беше особено ефективна бидејќи беа присутни многу од засегнатите страни кои ги претставуваа своите институции. Повратните информации за оваа вежба беа многу позитивни.
    • Сузан Легро, меѓународниот консултант, одржа кратка презентација со наслов „Градење на домашните системи за МРВ за следење и известување на постигнувањата од националните придонеси“ каде нагласи дека доброосмислениот систем кој се придружува до добрите практики од системите за информирање за животната средина треба да е доволно флексибилен за да може да се адаптира на идните обврски за известување.
    • Ана Петровска, државен секретар во Министерството за животната средина и просторно планирање и лице за контакт за CBIT ја претстави глобалната платформа за CBIT и ги опиша некои од нејзините карактеристики.
    • Потоа Сузан Легро, меѓународниот консултант, одржа презентација за достапните алатки за следење на активностите и напредокот поврзан со транспарентноста.
    • Наташа Марковска, од Македонската академија за науки и уметности го поврза известувањето за климатски акции со известувањето за спроведувањето на ЦОР во нејзината презентација „Мерење на климатските акции согласно ЦОР“.
    • Последната презентација на Олгица Апостолова се фокусираше на „Родот и климатските промени“ и ја претстави состојбата во однос на родовата еднаквост и родовите прашања во активностите поврзани со климатските промени во Македонија, а зборуваше и за спроведувањето на Акцискиот план за родови прашања и климатски промени подготвен во рамките на Вториот двогодишен извештај за климатски промени.


    Проектниот тим побара повратни информации од учесниците во врска со презентациите и предложените проектни активности.  Коментарите ги содржеа следните мислења:

  • o    Да се промовираат информатичка технологии ориентирани кон иднината,

    o    Дигитализација на сегашните податоци;

    o    Дизајнирање за и употреба на отворени податоци;

    o    Да се работи со уредници за да се поддржи учеството на новинари во обука за КП со цел известувањето за КП да не се сведе само на превод на текстови за КП туку и да се истражуваат локални климатски прашања и активности (99% од написите за климатските промени во македонските медиуми се преводи на написи од странски медиуми, а не локални вести);

    o    Да се усвои Акциски план за родови прашања и климатски промени со цел да се земат предвид климатските прашања и Планот при изработката на новата национална Стратегија за родова еднаквост и Законот за еднакви можности. Генерално, Министерството за труд и социјална политика даде голема поддршка од највисоко ниво на активностите поврзани со родовите прашања и климатските промени. Дополнително, новата Стратегија за климатска акција (моментално се работи) ќе го вклучува и родовиот аспект во најголема можна мера;

    o    Да се формализира меѓуминистерската соработка;

    o    Да се ангажираат Министерството за финансии и Министерството за информатичко општество и администрација со цел да се придвижат побрзо работите и поамбициозно да се настапи при спроведување на националната агенда за климатски промени;

    o    Да се користат социјалните медиуми за дистрибуција на податоците (во Државниот завод за статистика моментално се пилотираат ваквите активности);

    o   Да се оценат институционалните капацитети релевантни за климатските промени и да се назначат лица за контакт во секоја институција преку кои ќе може да се вклучат ефикасно климатските промени во секторските политики;

    o   Да се поврзат прашањата за КП со управувањето со ризици, за што има различна владина координативна структура. 

    Вежба за институционалната поставеност

    Вежбата е спроведена со цел да го прикаже „организираниот хаос“ при размена на податоци во системите за МРВ во државата како и да се претстави едноставната структура за мониторинг, известување и верификација која ќе се воспостави при спроведувањето на CBIT проектот.

    За пример беше земен процесот за собирање/мониторирирање/верификување на релевантни податоци за „Уделот на обновливи извори на енергија” и нивното известување до УФНЦЦЦ, ЕУ и Енергетската заедница. Овој пример беше земен бидејќи тоа се важни и вредни податоци (производството на енергија е најголемиот производител на стакленички гасови во државата, ЕУ промовира развој со ниски емисии на јаглерод, а Енергетската заедница бара поголемо учество на обновливи извори). Од друга страна, определени аспекти од Уделот на обновливи извори на енергија се занемаруваат и/или податоците не се достапни (за домаќинства, приватен сектор, електрични возила итн.


Резултатот од вежбата покажа дека неверојатни 22 институции се вклучени во сегашниот процес за собирање, мониторинг и известување на податоците за уделот на обновливи извори во производството на електрична енергија (види Табела подолу).

​1.    Министерство за економија
2.    Агенцијата за енергетика
3.    Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги
4.    Дистрибутери на енергија
5.    Приватен сектор/бизнис заедницата
6.    Министерството за животната средина и просторно планирање
7.    Министерството за финансии
8.    Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
9.    Управа за хидрометеоролошки работи
10.    Академски претставници/научната заедница
11.    Банки     12.    Министерство за внатрешни работи
13.    Државен завод за статистика
14.    Домаќинства
15.    НВОи/ГО
16.    Земјоделци
17.    Донатори
18.    Меѓународната заедница
19.    Фонд за иновации
20.    Кабинет на премиерот за економски прашања
21.    Министерството за труд и социјална политика
22.    Министерство за информатичко општество и администрација


Секое лице на сликите погоре претставува една институција. Сите учесници се поврзани со црвен конец кој се врти околу едно лице кое е во средина и кој претставува еден податок кој треба да се достави: тоа е уделот на обновливи извори во производството на електрична енергија.

На крајот, лицето во центарот беше замолено да се „ослободи“ од хаотичните испреплетени конци и беше претставен новиот едноставен модул за собирање на податоци за мониторинг, известување и верификација. Овој модул е изработен во Двогодишниот извештај за климатски промени. Проектните активности на CBIT проектот ќе придонесат за спроведување на предложениот систем за мониторинг, известување и верификација. 




Почеток: „Организиран хаос“                                                      Цел: Ефикасен систем за МРВ       

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close