7 нешта што треба да ги знаете за Специјалниот извештај за климатските промени и земјиштето на Меѓународниот панел за климатски промени

Земјиштето игра значајна улога - и како извор на стакленички гасови и како решение за климатските промени


Можеби најважниот заклучок од Извештајот на Меѓународниот панел за климатски промени е дека употребата на земјиштето и стабилноста на климата се меѓусебно поврзани: ако го направиме правилното нешто можеме да ги намалиме емисиите и да добиеме значителни придружни придобивки; ако згрешиме ќе ги влошиме климатските промени, а истовремено ќе предизвикаме недостиг на храна и еколошки проблеми.

Најголем дел од дискусиите за климатска акција се фокусираат на енергетиката, индустријата и транспортот. Новиот специјален извештај на Меѓународниот панел за климатски промени (IPCC) недвосмислено потврдува дека и земјиштето игра значајна улога - и како извор на стакленички гасови и како решение за климатските промени.
Всушност, во извештајот се открива дека иако земјиштето задржува речиси една третина од сите емисии на јаглероден диоксид кој ги произведува човекот, ќе биде невозможно да се ограничи температурата на безбедно ниво без суштински да се измени начинот на кој се произведува храната и се управува со земјиштето.
Овие се некои од главните заклучоци:
1. Сегашниот начин на употреба на земјиштето ги влошува климатските промени
Околу 23% од глобалните стакленички гасови кои ги создаваат луѓето доаѓаат од земјоделството, шумарството и од други употреби на земјиштето. Промената во употребата на земјиштето, како на пример расчистувањето на шумите за да се добие обработливо земјиште, ги предизвикува овие емисии. Дополнително, во последно време, 44% од метанот (моќен стакленички гас) кој го произведува човекот, доаѓа од земјоделството, уништувањето на тресетиштата и од други извори поврзани со земјоделството.
2. Истовремено, земјиштето делува и како голем апсорбент на јаглерод
И покрај сѐ поголемото обесшумување и другите промени во употребата на земјиштето, земјиштето во светски рамки отстранува повеќе емисии отколку што емитува. Земјиштето апсорбирало 6 гигатони (Gt) нето CO2 годишно од 2007 до 2016, што е еквивалент на годишните емисии на стакленички гасови на САД. Сепак, дополнителното обесшумување и деградација на земјиштето, ќе ги намали капацитетите на овој апсорбент на јаглерод.

Земјиштето е моќен абсорбер и емитер на емисии на јаглроден диоксид


3. Земјата од која зависиме да ги стабилизира климатските промени, трпи од самите климатски промени
Научниците утврдиле дека температурата на почвата се зголемила за 1,5˚C во периодот меѓу 1850-1900 и 2006-2015. Ова е за 75% повеќе од глобалниот просек (за чие пресметување се земаат предвид промените на температурата и во почвата и во океаните).
Ова затоплување веќе имаше уништувачки ефект врз почвата, предизвикувајќи пожари, промени во врнежите и топлотни бранови. Дополнителните влијанија ќе оневозможат почвата да делува како апсорбент на јаглерод. На пример, недостигот на вода би можел да ги претвори шумите во тревни површини налик на савани, со што ќе се загрози нивната способност да апсорбираат јаглерод, а да не зборуваме и за тоа колку штета ќе се предизвика врз екосистемските услуги и живиот свет. Во извештајот се тврди дека „времето за делување, односно периодот кога може да се постигнат значителни промени ако се делува, во однос на ограничување на климатските промени во прифатливи граници многу брзо се намалува“.
4. Неколку решенија за климата кои се врзани со земјиштето, а кои можат да ги намалат емисиите и/или да го апсорбираат јаглеродот од атмосферата
Најголемиот потенцијал за намалување на емисиите од секторот земјиште лежи во намалувањето на обесшумувањето и деградацијата на шумите, и тој се движи од 0,4–5,8 GtCO2-eq годишно. Исто така потребни ни се и многу големи промени во начинот на кој луѓето ја произведуваат и консумираат храната, како што се воведување земјоделски мерки, промена во начинот на исхрана со зголемување на процентот на растителна храна и намалување на отпадот од храна и од земјоделството.
Покрај намалувањето на емисиите, земјиштето може и да го отстрани јаглеродниот диоксид од атмосферата. Во извештајот се посочува дека засадувањето нови шуми и повторното пошумување имаат најголем потенцијал за отстранување на јаглеродот, по што следи зајакнување на јаглеродот во почвата и употреба на биоенергија во комбинација со апсорпција на јаглерод и складирање (BECCS), процес кој користи биомаса за енергија и потоа го апсорбира и го чува јаглеродот пред повторно тој да се испушти во атмосферата. И покрај сето ова, сепак, авторите забележуваат дека најголем дел од проценките не ги земаат предвид реалните ограничувања како што се конкуренцијата за земјиштето и одржливоста, така што реалниот потенцијал за отстранување на јаглеродот на овие решенија може во реалноста да е многу помал од она што го покажуваат моделите.
5. Многу решенија за климата кои се засноваат на земјиштето водат и до дополнителни придобивки, покрај влијанието врз климатските промени
Во извештајот се наведува дека решенија со најмногу придружни придобивки се: добро управување со шумите, намалување на обесшумувањето и деградацијата, зголемување на содржината на органски јаглерод во почвата, подобрување на стареењето на минералите (процес за забрзување на распаѓањето на карпите со што се зголемува количеството јаглерод што може да го прифатат), промена во исхраната и намалување на загубата и отпадот од храна. На пример, зголемувањето на складираниот јаглерод во почвата не само што може да задржи повеќе емисии, туку исто така ќе ги направи и културите поотпорни на климатските промени, ќе го подобри здравјето на почвата и ќе го зголеми приносот.
6. Некои климатски решенија кои се засноваат на земјиштето, носат со себе и значителни ризици и мора внимателно да се продолжи со нив
Важно е да се пресметаат придобивките во форма на нето јаглерод во секоја интервенција; на пример, пошумувањето на природните тревни површини би можело всушност да го намали количеството на јаглерод кој се чува во почвата, со што се намалува капацитетот на еден важен апсорбент на јаглерод. Некои интервенции може да ги намалат емисиите, но и да предизвикуваат други промени кои на крајот ги зголемуваат температурите. На пример, садењето зимзелена шума на голема надморска висина, со што би се покриле снежниците во зима, ќе доведе до потемни површини што ќе апсорбираат повеќе сончево зрачење. Ова ќе го има истиот ефект како да се преоблечете од бела во црна маичка на сончев ден. Покрај тоа, засадувањето на определени видови дрва или растенија може да биде штетно за некои други видови и екосистеми. Најголем број апсорбенти на јаглерод во некој момент ќе стигнат до точка на заситеност и нема да можат да апсорбираат повеќе јаглерод. Исто така, апсорпцијата на јаглерод во иднина не е загарантирана, бидејќи шумските пожари и појавите на штетници најверојатно ќе зачестат во свет која станува сѐ потопол.
7. Особено, климатските решенија кои се засноваат на земјиштето и за кои се потребни големи површини, може да ја загрозат обезбеденоста со храна и да ги влошат еколошките проблеми
Намалувањето на емисиите со помош на земјиштето и напорите за отстранување на јаглеродот за кои се потребни големи површини, како на пример пошумување на големи површини и одгледување на растенија за биоенергија - ќе биде конкуренција на другите употреби на земјиштето, како на пример производството на храна. Ова може да доведе до раст на цените на храната, да го зголеми загадувањето на водите, да ѝ наштети на биолошката разновидност и да доведе до поголема пренамена на шумите во земјиште за друга употреба, со што ќе се зголемат емисиите.
Понатаму, во извештајот се вели дека доколку човештвото не успее да ги намали емисиите во другите сектори како на пример во енергетиката и транспортот, ќе треба повеќе да се потпреме на решенијата поврзани со земјиштето, со што ќе се зголемат притисоците за храна и врз животната средина.
Што може да научиме од Извештајот за земјиштето на Меѓународниот панел за климатски промени
Можеби најважниот заклучок од Извештајот на Меѓународниот панел за климатски промени е дека употребата на земјиштето и стабилноста на климата се меѓусебно поврзани: ако го направиме правилното нешто можеме да ги намалиме емисиите и да добиеме значителни придружни придобивки; ако згрешиме ќе ги влошиме климатските промени, а истовремено ќе предизвикаме недостиг на храна и еколошки проблеми.
Најновиот извештај на Светскиот институт за ресурси на тема светските ресурси наведува 22 решенија кои може да се применат за да создадат поодржливи системи за храна и земјиште. Ние можеме да го прехраниме светот, а истовремено да ги ставиме под контрола климатските промени, да ги заштитиме шумите и економиите во пораст - само не смееме да продолжиме да ги правиме нештата како што ги правиме сега.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close