Искористување на националните придонеси кон климатски промени и долгорочните стратегии за постигнување на целите од Договорот од Париз

од Џејмс Венер, Тарин Франсен, Кели Левин, Џенифер Баумвул, Синтија Елиот и Кетрин Рос - јуни 2019


Во изминатите две години, на покана на аргентинското и јапонското претседателство на Г-20, УНДП и Институтот за светски ресурси (WRI) заеднички ја советуваа Работната група за климатски промени и одржливост на Г-20 за клучната улога што долгорочните стратегии и националните придонеси кон климатските промени (NDCs – Nationally Determined Contributions) ја играат за унапредување на агендата на Г-20 и адресирање на климатските промени.

(Јуни 2019г.) Овој извештај служи како влезен документ за работната група. Тој прикажува зошто климатските активности се поврзани со економскиот раст на Г-20 и покажува како долгорочните стратегии и Национално-определените придонеси (NDCs) работат заедно во рамките на Договорот од Париз за да им помогнат на земјите да ги исполнат нивните климатски цели.
Подготовка на долгорочни стратегии и ревидирани NDCs до 2020 година е многу краток период. За среќа, процесите на развивање на секој од овие планови се во синергија. И едните и другите можат да ги искористат заедничката институционална поставеност и процесите на консултација со засегнатите страни. И едите и другите можат да се засноваат на исти сценарија за развој или моделирања, кои ќе ги пресликаат во трансформирачки развојни патеки.
На крај, обезбедување на кохерентен пакет на долгорочни стратегии и краткорочни и среднорочни акциски планови за климата, ќе им помогне на Г-20 да ја испорачаат агендата за одржлив раст.
Погледнете го извештајот (pdf)

Клучни сознанија
Акцијата на Г-20 во наредните две години ќе одреди дали светот на време ќе тргне на пат кон силен, одржлив, избалансиран и инклузивен раст за да ги постигне целите зацртани во Договорот од Париз и да ги избегне најлошите влијанија од климатските промени. Како што истакна Меѓувладиниот панел за климатски промени, потребна е итна трансформација за да се преполоват емисиите на глобално ниво до 2030 година во согласност со целта за 1.5оC. Амбициозната климатска акција исто така нуди ветување за значителен економски раст, креирање работни места и здравствени придобивки.
Долгорочните стратегии и NDCs се клучните компоненти на акцијата на Г-20 бидејќи тие ѝ пренесуваат на меѓународната заедница како секоја земја ќе се справи со климатските промени—и степенот до кој Г-20 се подготвени да ги исполнат целите од Договорот од Париз, како и да ги социоекономски придобивки. Поради високата взаемна релевантност на NDCs и долгорочните стратегии како и релевантноста за националните развојни приоритети и планови, тие можат да играат клучна улога во поттикнувањето на националните агенди за развој.
Овој извештај ја нагласува суштинската улога на долгорочните стратегии и NDCs во унапредувањето на целта на Г-20 за силен, одржлив, избалансиран и инклузивен раст. Покрај тоа, се истакнува дека иако долгорочните стратегии и NDCs даваат различни придонеси за зголемување на глобалната акција за климатските промени, тие исто така се и тесно поврзани. Поради меѓузависноста помеѓу краткорочното, среднорочното и долгорочното планирање и политиките, земјите од Г-20 може да имаат корист од преземање на овие процеси истовремено. Тие се поврзани на следниве начини:
•    Долгорочните стратегии им нудат на државите долгорочна перспектива за нивните развојни патеки—и суштински, краткорочни одлуки—кои се во согласност со целите на Договорот од Париз.
•    Робусната имплементација на NDCs, од друга страна, може да ги усогласи краткорочните одлуки со долгорочните стратегии како и со Целите за одржлив развој, намалување на нееднаквоста и растот.
•    Поднесување на нови и ажурирани, поамбициозни NDCs до 2020 година сигнализира зајакнување на националните амбиции поврзани со климатска акција, за усогласување со глобалните цели и одржлив раст.
•    Улогата на Г-20 државите во поддршката на останатите држави за унапредување на нивните долгорочни стратегии е многу важна, бидејќи на тој начин ја зајакнуваат имплементацијата на NDCs.
Текстот е преземан од веб страницата на World Resource Institute и е достапен на следниот линк .

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close