(19.06.2019) Климатските преговарачи оваа недела се среќаваат во Бон, Германија, за да го унапредат Договорот од Париз. Како дел од оваа конференција, деветте држави кои не се вклучени во Анекс I, а кои доставија Двогодишни извештаи за климатски промени (BUR) и имаат конечен ревизорски извештај до 15 март 2019 година, денес ги споделија своите климатски амбиции, ставови и искуства. Деветте држави во развој се Ерменија, Бразил, Нигерија, Република Кореја, Јужна Африка, Тајланд, Република Северна Македонија, Уругвај и Виетнам. Земјите ги споделија своите достигнувања, иновативните климатски акции и искуства во идентификувањето и надминувањето на нивните потреби и предизвици за имплементација на овие акции, како и признавањето на поддршката добиена преку меѓусебна соработка во рамките на процес наречен "Транспаренто споделување на искуства” (FSV – Facilitative Sharing of Views).
Г-ѓа Теодора Обрадовиќ Грнчаровска, контакт лице кон УНФЦЦЦ, го сподели македонските искуства во подготовката развој на вториот BUR, климатските амбиции и добрите практики. Вториот BUR беше подготвена со финансиска и техничка поддршка од ГЕФ и УНДП и беше доставен до УНФЦЦЦ во март 2018 година. Овој извештај содржи сеопфатни проценки за влијанието на тековните, планираните и потенцијалните мерки групирани во три различни сценарија кои државата треба да ги имплементира. Вториот BUR и неговиот Акцискиот план претставуваат амбициозни национални политики кои се повеќе од типот "Анекс I", кои создаваат поволна средина за одржлив развој на државата со ниски емисии на јаглерод, истовремено обезбедувајќи соодветен мониторинг и известување за напредокот во имплементацијата.
Климатската амбиција може да се поткрепи и да се засили со консолидирање на повеќекратни стратешки процеси за климатските промени и меѓународните климатски обврски во еден единствен процес (национални стратешки документи за климатски промени), обезбедувајќи ефикасност и усогласување. Од другата страна, усвојувањето/примената на разните меѓународни обрврски поврзани со климатски промени или процеси за известување, и нивно поврзување со националните процеси, може да претставува огромен предизвик.
Г-ѓа Грнчаровска истакна: "Во нашиот случај, вториот BUR имаше значајна улога во промовирањето и искористувањето на врските помеѓу енергетика и климатските промени. Кога се адресиираат сѐопфатно петте димензии на Енергетската унија, понатаму, кога се поставуваат патекита за постигнување на договорените цели за 2030 година и кога се гледа перспективата за 2050 година, јасно е дека сегашното и идното планирање на енергетиката може во голема мера да ги користи капацитетите, практиката на партиципативност, искуството, алатките и знаењето развиени во процесот на SBUR. Исто така, како што јасно се покажа при изготвувањето на SBUR-от, одржливото партнерство наука-креирање на политики е предуслов за издржано и мудро интегрирано планирање на енергетиката и климатските промени."
Техничките анализи на SBUR заклучуваат дека објавените информации се транспарентни и се во согласност со упатствата на УНФЦЦЦ за известување. Процесот идентификуваше 17 потреби за градење на капацитети кои имаат за цел да го олеснат известувањето во согласност со упатствата на УНФЦЦЦ. Сите тие се вградени во два нови проекти кои се во тек: "Четвртиот национален план на Македонија и Третиот двогодишни извештај за климатски промени во рамките на UNFCCC" и "Зајакнување на институционалните и техничките капацитети на Македонија за зголемување на транспарентноста во рамките на Договорот од Париз".
Имајќи го во предвид повикот од извршната секретарка на UNFCCC, Патрицијаа Еспиноза, дека во 2019 година треба да се фокусираме на "Амбиција, амбиција, амбиција", Република Северна Македонија ќе ги вложи сите свои напори за зголемување на климатските амбиции преку интегрирање на климатските промени во секторски развојни политики.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}