ПЕТРОВСКА: За климатска акција, потребни се силни институции!

РИМ: Трета работилница CBIT на Глобална координативна платформа


(22.06.2019) Следејќи ги во чекор напорите на меѓународната заедница да ги исполни целите на Договорот од Париз за климатски промени, Министерството за животна средина и просторно планирање со техничка и финансиска поддршка на УНДП и ГЕФ, подготви проект преку кој ќе се зајакнат националните институции одговорни за спроведување на климатските политики, но и за мониторирање на нивната успешност.

Ана Петровска, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, на меѓународна конференција на државите потписнички на Протоколот од Кјото која вчера се одржа во Рим, Италија, ја презентираше важноста на соодветна институционална поставеност на широкиот спектар на климатските промени. “За климатска акција, потребни се силни институции! Националните стратешки планови за климатски промени се амбициозни и обемни, донесени на транспарентен начин со широко учество на претставници на повеќе од 30 иституции од владиниот, невладиниот, приватниот и академскиот сектор. Предвидуваат активности во многу различни сектори: од енергија и транспорт до биолошка разновидност, земјоделие, шумарство, отпад и др., кои кои не можат да се покријат само во рамките на надлежностите на една институција.”.

Таа ги предочи предизвиците со кои државата се соочува: иако националното законодавство јасно наведува дека треба да се воспостават системи за мониторинг и иако неколку системи во моментов се во фаза на изработка или се тестираат, ниту една ододговорните институции нема сеопфатни и целосно оперативни системи. Во моментов, овие институции делумно ги вршат своите одговорности за подготовка на определени извештаи што се подготвуваат врз основа на достапните податоци и информации, кои се собираат на ад-хок основа или, пак, во согласност со нивните законски надлежности, но исто така може и да се засноваат врз определени инженериски проценки и пресметки во случаи кадешто нема податоци и информации.

Активностите во рамките на планираниот проект ќе овоможат овие предизвици да се надминат и институциите да добијат соодветно знаење и алатки за успешно да ги задоволат барањата не само како потписнички на Договорот од Париз, туку и земја-кандидатка за членство во ЕУ и договорна страна на Енергетската заедница.

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close