Климатските промени различно влијаат на луѓето – во однос на социо-еконосмките околности, попреченост, возраст и пол. Кога решенијата за климатските промени се однесуваат на овие различни реалности, тие се поефикасни и нивното влијание се шири низ општеството.
Овогодинешниот Ден на жената, 8-ми март, беше на тема „Размислувај еднакво, гради паметно, иновирај за промени“. Сите треба да ги признаат придобивките од жените во однос на климатските активности, при соодветно решавање на климатските промени. Еве 5 причини зошто климатските акции и жените треба да се перцепираат холистички.
1)100% од населението треба да биде вклучено
51 % од човештвото се состои од жени и девојки. За да се исполни најамбициозната цел од 1.5C од Договорот за климатски промени од Париз и да се ограничи затоплувањето под 2C, од клучно значење е потребите, перспективите и идеите на жените, како и на мажите, да бидат вклучени во климатските активности за да креираат праведни, ефикасни и одржливи решенија.
Освен тоа, жените (особено во руралните делови) ги имаат искусено последиците од климатските промени со генерации и се претходници и лидери во заштитата на животната средина. Нивното знаење и експертиза придонесуваат во голема мера да се изгради отпорност на климатските влијанија и да се намалат емисиите на стакленичките гасови. Традиционалните вештини и знаења кои ги имаат жените во врска со управувањето на природните ресурси во области како што се иновациите, отпадот и енергијата се ефикасни алатки во стратегиите за климатски акции.
2) Поефикасни климатски решенија
Жените сочинуваат околу 43 проценти од земјоделската работна сила во земјите во развој. Според ООН, кога им се обезбедува ист пристап до ресурсите како на мажите, жените можат да ги зголемат земјоделските приноси за 20 до 30 проценти, не само зголемувајќи го вкупното земјоделско произвотство во овие земји за 2.5 до 4 проценти туку исто така придонесувајќи за намалување на гладот во светот за 12 или 17 проценти. Ова може позитивно да влијае на адаптацијата на климатаските промени на два начина – соодветна технологија или ресурси придонесуваат за поодржливо земјоделство и зачувување, додека намалувањето на сиромаштијата им овозможува на поединците подобро да се прилагодат на промените во однос на климата.
Инвестирањето во жени и девојки создава широки ефекти кои се чувствуваат низ заедниците и во земјите. Истражувањата покажуваат дека земјите со висока застапеност на жените во парламентот имаат поголема веројатност да ги ратификуваат меѓународните договори за животна средина.
3) Жените се од витално значење за градење на климатска отпорност во заедниците
Заедниците се подобри во стратегиите за отпорност и градење капацитети кога и жените се вклучени во планирањето. Според ООН, жените имаат тенденција да споделуваат информации за благосостојбата на заедницата што е важно за отпорноста и се поподготвени да се прилагодат на промените во животната средина бидејќи тие влијаат на нивните семејства.
Освен тоа, жените обично први реагираат во зедницата при природни катастрофи, тие се лидери во намалувањето на ризик од катастрофи и во периодот после несреќите ги решаваат потребите за брзо закрепнување на нивните семејства и го зајакнуваат градењето на заедницата.
4) Климатските промени влијаат врз сите, но не подеднакво
Утврдено е дека климатските промени имаат поголемо влијание врз оние делови од населението кои се најранливи, без разлика дали во развиените земји или во земјите во развој, и ги влошуваат постојните нееднаквости. Жените најчесто се соочуваат со повисоки ризици и поголеми оптоварувања од влијанието на климатските промени, во ситуации на сиромаштија и поради постоечките улоги, одговорности и културни норми.
Целните инвестиции во родова еднаквост и зајакнување на жените даваат придонес во зачувувањето на животната средина, намалувањето на сиромаштијата, социјалната политика и постигнувањето на Целите за одржлив развој (ЦОР). Вклучувањето на родовиот аспект во справувањето со климатските промени, исто така придонесува да се решаваат и правата на жените, со подобрување наместо со влошување на постоечките родови нееднаквости.
5) Земјите се согласија! – работа во тек според UNFCCC
Земјите ја признаа важноста на подеднакво вклучување на жените и мажите во процесите на UNFCCC и во развојот и спроведувањето на националните политики за климата кои се родово сезитивни преку воспоставување на посебна агендата во рамките на Конвенцијата која ги разгледува прашањата за родовиот аспект на климатските промени. Ова го вклучува првиот Акциски план за родова еднаквост, воспоставен во рамките на Работната програма од Лима (LWPG) која има пет приоритетни области:
• Градење капацитети, споделување знаења и комуникација;
• Подобрување на разбирањето и експертизата на засегнатите страни за систематската интеграција на родовите аспекти...во тематските области според Конвенцијата и Договорот од Париз и во политиките, програмите и проектите на терен;
• Рамнотежа помеѓу родовите, учество и женско лидерство;
o Да се постигне и одржи целосно, еднакво и значајно учество на жените во процесот на UNFCCC
• Кохерентност (во UNFCCC, низ ООН);
o Да се зајакне интеграцијата на родовите аспекти во работата на телата на UNFCCC, секретаријатот и други ентитети и засегнати страни на Обединетите нации кон доследно спроведување на мандатите и активностите поврзани со родовиот аспект на климатските промени
• Имплементација за родово унапредување на жените и средства за имплементација;
o Да се обезбеди почитување, унапредување и разгледување на родовата рамноправност и зајакнување на жените во спроведувањето на Конвенцијата и Договорот од Париз
• Мониторинг и известување
o Да се подобри следењето во однос на спроведувањето и известувањето за мандати поврзани со родовите според UNFCCC
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}