Намалување на емисиите на CO2 во ООУ Гоце Делчев с. Босилово со замена на фосилно гориво со биомаса

Намалување на емисиите на CO2 во ООУ Гоце Делчев с. Босилово со замена на фосилно гориво со биомаса



Главна проектна цел: Намалување на емисиите на стакленички гасови во атмосферата, преку користење на обновливи извори на енергија (биомаса). При тоа конкретни цели беа: Намалени стакленички гасови од локална подстаница за затоплување, (училишна зграда во с. Босилово) со употреба на биомаса за загревање Намалување на трошоци за енергенс за загревање, Едукација за подигање на јавната свест за зголемување на искористеноста на обновливите извори на енергија.

· Изграден простор за сместување на котлите на пелети во кругот на ООУ Гоце Делчев с. Босилово веднаш до постоечката просторија - котлара позади објектот западно. Инсталирани се два котли на пелети со моќност од 200 KW од страна на стручниот тим на избраниот оператор со целокупната придружна инсталација и истите беа поврзани со постојниот систем/мрежа на централно загревање. Обучен еден вработен, технички персонал во училиштето од страна на операторот за непосредно ракување на инсталираниот систем за греење на училиштето.

· Одржани две едукативни работилници на тема Намалување на стакленички гасови (СО2): Првата работилница беше наменета за ученици од I до V одделение со присуство на 30 ученика. Учениците преку игра се запознаваа како да се користат обновливи извори на енергија, како животното опкружување биде зачувано и незагадено за нив, а и за нивните поколенија. Учениците беа поттикнати да напишат пораки или пак изработат цртежи со нивни размислувања поврзани со темата на работилницата и Втората работилница беше наменета за наставници, за вработени во општина Босилово, членови на НВО. На работилницата беа присутни 30 лица. Присутните на работилницата беа запознаени со повеќе аспекти од заштитата на животната средина како и со алтернативните начини на загревање како предуслов за енергетска одржливост. Беше спроведена анкета со прашања од областа на еколошкото образование. По завршување на работилницата проектниот тим направи анализа на анкетните листови и добиените податоци беа внесени во публикацијата — Студија на случај.

· Подготвен и отпечатен леток, кој ги содржи сите информации за проектот. Отпечатен во 500 копии, поделен е на денот на јавното промовирање на проектот пред пошироката јавност.

· Учениците од нижите одделенија изработија цртежи и текстови на тема од областа на разумно користење на обновливите извори на енергија и почитување на природата што не опкружува кои понатаму беа склопени во една целина – дигитална сликовница Сонце. Дигиталната сликовница е поставена на социјални мрежи.

· Во рамките на проектот во делот на Следење и Оценување беше изработена студија на случај наменета за наставници и има за цел да ги прошири знаењата на наставници од областа на климатски промени и заштита на животната средина. Студијата е изработена во електронска форма и е поставена на социјални мрежи

· Одржана јавна презентација на проектот во просториите ООУ Гоце Делчевс. Босилово. На настанот беа присутни наставници, ученици, родители, претставници од локалната самоуправа на Општина Босилово, претставници на НВО. Присутните беа запознаени со текот на проектните активности, набавките и инсталирањето на новата опрема, беа доделени летоци и презентирани дигиталната сликовница и “case study” а исто така беа запознаени со сите предности на проектните резултати.

 Основни податоци за проектот




Центар за едукација и одржлив развој ЦЕОР - Босилово

Центар за едукација и одржлив развој ЦЕОР - Босилово

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close