ОПШТИНА БОГОВИЊЕ ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА ОПШТИНА

ОПШТИНА БОГОВИЊЕ ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА ОПШТИНА



Главна проектна цел: да се создадат услови за намалување на климатските промени во руралните општини од Полошкиот регион – Општина Боговиње, преку подобрена енергетска ефикасност во уличното осветлување, зголемување на информираноста и градење на капацитетите на засегнатите страни вклучени во прашањата поврзани со енергетска ефикасност. Главните проектни активности: Изработка на проект со техничко решение за подобрување на енергетската ефикасност преку осветлувањето; Набавка и инсталација на опрема – штедливи сијалици; Следење на потрошувачката на електрична енергија пред и по замената на сијалиците. Обука за претставниците на вклучените општини за користење на системот за следење на енергетската ефикасност на општинско ниво ExCITE, креиран од УНДП; Работилници за креирање на програма и акциски план за енергетска ефикасност на локално ниво. Едукативна кампања за подигање на јавната свест за зголемување на енергетската ефикасност и искористување на обновливи извори на енергија

· Набавени и поставени 1200 штедливи сијалици во општина Боговиње. Добиената заштеда на годишно ниво е 284.000 kWh или околу 20% заштедена електрична енергија. Се прогнозира намалување на испуштањето на стакленички гасови за најмалку 34.3125 кг СО

· Изработена Програма и акциски план за енергетска ефикасност во општина Боговиње (Април 2013 – Декември 2013) со конкретни предлози на заштеда на енергија во јавните објекти, првенствено во основните училишта, за истите подоцна да можат да бидат доставени до други донатори за поддршка.

· Организирана Обука за општинската администрација за користење на системот за следење на енергетската ефикасност на општинско ниво ExCITE, креиран од УНДП. Обуката ги опфати темите: прикажување во скратена форма на обврските кои ги имаат општините во секторот енергетска ефикасност; начини за реализација на оптимални мерки со кои ќе се намали потрошувачката на енергија; остварување на финансиски заштеди; можности за создавање на нови работни места; зголемување на конкурентноста на производите и намалување на загадувањето на животната средина. Организирани Средби и обуки претставници на основните училишта, со цел создавање на координиран систем за доставување информации до одделението за локален економски развој во општината.

· Организирана едукативната кампања со промовирање на проектот и подигање на свеста на сите јавни настани; Буџетски форуми организирани во општината беа искористени за претставување на проектот од страна на градоначалникот, но и потенцирање на важноста и потребата од заштедата на електрична енергија. Информација за проектот и активностите редовно објавувана на општинската веб страна, општинскиот весник, како и на ФБ страната на општината и градоначалникот. Изработени и дистрибуирани летоци со едукативно/промотивни содржини на албански и македонски јазик.

Здружение за Локален Рурален Развој - ЗЛРР

Повеќе информации за здружението можете да најдете на следниот линк: http://www.zlrr.org.mk/mk/about_zlrr_mk.html

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close