За енергетско ефикасни училишта

За енергетско ефикасни училишта



Главна проектна цел е превземање на енергетско-ефикасни мерки со цел намалување на загадувањето на животната средина, особено со стакленички гасови во два објекта на основното училиште „Ѓерѓ Кастриоти Скендербеу“ во Арачиново (објектите се изградени во 1979 година со заедничка површина од 3.200 м2 а се користат од страна на 2.018 ученици). Главните проектни активности вклучуваа: Намалување на емисијата на јаглерод двооксид од јавните објекти во Општина Арачиново; Намалување на трошоците за осветлување во јавните објекти во Општина Арачиново; Теоретска обука на учениците, наставниците, персоналот од јавните објекти, како и локалното население за енергетска ефикасност.

· Врз основа на извештајот за оценката на состојбата со објектите беа превземени низа на енергетско-ефикасни мерки (реконструкција, изолација и замена на стари дрвени прозорци и врати со нови, поставени 470 енергетско-ефикасни неонски сијалици, оставени се 5 рефлектори со сензор во објектите на ОУ Ѓерѓ Кастриот-Скендербег;

· Спроведени обуки од областа на климатските промени, потрошувачката на енергија и енергетската ефикасност, како и презентирање на практични примери за енергетска ефикасност и проследени со сесија на прашања и одговори. Во обуките беа вклучени не само ученици и нивните наставници од училиштето, туку и беа вклучени и управители и одржувачи на јавни објекти од општината;

· Организрана е дебата за локална стратегија за енергетска ефикасност на подрачајето на Општина Арачиново. На трибината беа истакнати мерките и активностите кои треба да се преземат за намалување на потрошувачката на енергија во јавните објекти;

· Подготовка, публикување и дистрибуција на материјали (4 вида постери, публикација, налепници) со едукативна содржина за енергетска ефикасност на македонски и албански јазик;

· Се прогнозира намалување на испуштањето на стакленички гасови за најмалку 12,58 тони и заштеда на енергија околу 19,2 % во рамките на проектните објекти во Општина Арачиново;

· Медиумска покриеност на проектните активности преку објавување на информации на веб страниците во локалните и националните весници како и гостувања на националното радио.

Основни податоци за проектот

 

Здружение ЕKO-ВИТА, Скопје

Здружение ЕKO-ВИТА, Скопје

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close