Две локални училишта (ООУ Св. Кирил и Методиј и СОУ Љупчо Сантов) и спортска сала во Кочани за централно греење, секоја година користат повеќе од 80 тони сурова нафта. Со цел да се намалат емисии на стакленички гасови (CO2) од централното греење за затоплување, се вгради нов топлоизменувач за максимално искористување на геотермалните води при што е подобрен преносот на топлината од геотермална вода и е намалено за 50% користењето на нафта. Овие активности беа придружени со организирање на кампања за подигнување на јавната свест и едукативни активности (тркалезни маси, сликарски изложба, брошура, леток, еко викенд, итн), каде што граѓаните и учениците од општина Кочани ги запозна со предностите на користење на обновливи извори на енергија со акцент на искористувањето на геотермалниот потенцијал во Кочани.
· Изведена санација и реконструкција на грејната инсталација на ООУ Св. Кирил и Методиј и СОУ Љупчо Сантов Кочани и намалување до 50% на енергенсот фосилно гориво нафта и задогревање со многу почиста (и неколку пати поевтина) геотермална вода.
· Намалена годишна потрошувачката на нафта од 80 тони на 40 тони, додека годишни емисии на CO2 (kg) се намалени од 255 тони на 127,5 тони.
· Организирана кампања за подигање на јавната свест со организирање на:
· трибина за обновлови извори на енергија со акцент на постоечкиот потенцијал на геотермалните води во Општина Кочани, со учество на експерти, граѓани и претставници на локалната власт,
· едукација во двете училишта за климатските промени, заштедата на енергијата и предностите за користење на обновливите енергетски ресурси,
· Натпревар во литературни и ликовни творби со теми од климатските промени и заштеда на енергија.
· Еко викенд на Осoговските планини со наградените ученици за ликовни и литературни творби, еко патролите од училиштата и волонтерите на ЗГ Еднакви за сите Кочани.
· Запознавање на јавноста преку брошура за геотермалните води во Општина Кочани, местоположба, основни податоци, потенцијалот на геотермална вода во Кочани и можностите за искористување и флаер со опис на проектот, постигнати резултати и насоки на понатамошни делувања.
Основни податоци за проектот
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}