НАМАЛУВАЊЕ НА ЕМИСИЈАТА НА СО2 ПРЕКУ ЗАМЕНА НА ФОСИЛНО ГОРИВО СО БИОМАСА– ДРВЕН ОТПАД ВО ПОЛОШКИОТ РЕГИОН

НАМАЛУВАЊЕ НА ЕМИСИЈАТА НА СО2 ПРЕКУ ЗАМЕНА НА ФОСИЛНО ГОРИВО СО БИОМАСА– ДРВЕН ОТПАД ВО ПОЛОШКИОТ РЕГИОН



Генералната цел на проектот: создавање на услови за намалување на климатските промени во руралните општини од Полошкиот регион (општина Брвеница), преку намалување на емисиите на CO2, како локален придонес кон глобалната општа цел – намален ефект од климатските промени. Главни проектни активности: Инсталирање на котел кој работи на обновлив извор на енергија – дрвна биомаса Јакнење на капацитетите на општинските власти за спроведување на Програмата за енергетска ефикасност, вклучително и штедење на енергија на локално ниво; Едукативни кампањи за подигнување на јавната свест за енергетска ефикасност и користење на обновливи извори на енергија – ОИЕ;

· Набавен и инсталиран топловоден котел (МА – 100,100KW) на пелети во ЦОУ Коста Рацин“, општина Брвеница. Преку менување на котелот од фосилно гориво (нафта) на биомаса (дрвен отпад – пелети) е намалена цената за загревање на училиштето. Со инсталирањето на котелот на пелети планирано е да се користат 22.000 kg пелети (260.000 kwh; 1kg = 5kwh) со емисија на 0 тони CO2 и потрошувачка од 264.000 МКД. Оттука, заштедата на општина Брвеница за загревање на училиштето би била околу 400.000 МКД (околу 7.000 САД$) на годишно ниво. Заштедените средства општината ќе ги троши за други развојни активности од областа на екологијата;

· Зајакнати капацитети на општинската администрација со одржување на две работилници каде 35 учесници беа запознаени со климатските промени, што претставува глобалното затоплување и ефектите од него, ефектот на стаклена градина, како и кои се мерките и начините за справување со климатските промени. Учесниците ја разгледаа Програмата за енергетска ефикасност на Општина Брвеница 2013-2015, одредија приоритети во рамки на општината и истите ги доставија до Градоначалникот на Општина Брвеница за да бидат внесени во наредното ревидирање на Програмата.

· Градење на партнерство помеѓу граѓанскиот сектор и општината, како и подигнување на јавната свест кај локалното население за придобивките и потребата од употреба на дрвна биомаса наместо фосилно гориво со организирање на 3 работилници каде пред 45 присутни граѓани беше претставен проектот, активностите и очекуваните резултати.

· Изработен леток со едукативно – промотивна содржина во 350 примероци на албански и македонски јазик и истиот беше дистрибуиран во училиштата и на јавните настани организирани од страна на Општина Брвеница.

· Во рамки на проектот беа формирани 4 здруженија на граѓани во Општина Брвеница: Брвеница“ од Брвеница, Беса“ од Челопек, Месажи“ од Челопек и Златна детелина“ од Брвеница.

МДЦ-Ти.НЕТ, Скопје

http://mdctinet.org.mk/mk/index_mk.htm

{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}

Account

Error message here!

Show Error message here!

Forgot your password?

Register your new account

Error message here!

Error message here!

Show Error message here!

Error message here!

Error message here!

Error message here!

Lost your password? Please enter your email address. You will receive a link to create a new password.

Error message here!

Back to log-in

Close