За одржлива иднина и безбедна животна средина, потребни се големи општествени промени, вклучително во енергетските, урбаните, транспортните и индустриските системи како и интегрирање на климатската акција во пошироките јавни политики и развојни рамки. TEDxSkopje организирше Salon настан на тема „Климатски промени: Преку системски пристап до одржливо утре”, како дел од активностите дефинирани во стратегијата за климатски промени „Отпорно Скопје“ поддржана од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
На настанот присуствуваа луѓе од најразлични сектори каде што се разви дискусија за милтидисциплинарни аспекти за нашето однесување, активности и избори во секојдневниот живот и како тие влијаат врз климатските промени. Учесниците дискутираа за свесноста за климатските промени во Македонија како и глобално. Дискусијата се разви во правец на наоѓање на начини за справување со климатските промени, и за крај, позитивни примери на климатска акција.
Овој настан за климатски промени директно се поврзува со 13та цел на ОН - Климатска акција, поконкретно работи на таргет (13.3) - подобрување на образованието и кревање свест за човековото влијание врз климатските промени и нивното намалување и рано спречување.
{{'subscribe.for.newsletter'|translate}}